1 (59) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Jun 20:00 -> 09-Jun 08:15
.
.
.
.

Мицкоски: СДСМ може да остане без ниту една општина - победата на ВМРО-ДПМНЕ е извесна

  • СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски кон семејствата на повредените и загинатите во трагедијата во Кочани

  • (Видео) Нема да дозволам да се прави политика и да се злоупотребува трагедијата во Кочани, кажа Мицкоски

  • СДСМ го обвини Мицкоски за „забеган наратив“ околу трагедијата во Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски на 34-тата годишна Конференција на УМС на ВМРО – ДПМНЕ порача дека сосема е извесна победата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и дека има шанси СДСМ да остане и без една освоена општина.

Сериозно загрижува нервозата на претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој од прославата на младинската организација на неговата партија, на висок тон, видно гневен продолжи да ги навредува луѓето и родителите кои секоја сабота мирно маршираат во Кочани барајќи правда за своите деца и помош за повредените, велат во соопштение од СДСМ.

За Кочани не се помага со прес конференции, туку со дела, а историјата на СДСМ на груба злоупотреба на трагични случаи станува препознатливо портфолио на политичкото делување на оваа партија, што само покажува во каква очајна состојба е оваа партија, во отсуство на реални проекти и политики со кои би го привлекле вниманието на јавноста, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Конференцијата на Унијата на млади сили на партијата што денеска се одржува во Велес.

Сериозно загрижува нервозата на претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој од прославата на младинската организација на неговата партија, на висок тон, видно гневен продолжи да ги навредува луѓето и родителите кои секоја сабота мирно маршираат во Кочани барајќи правда за своите деца и помош за повредените, реагира СДСМ.

3 (10) ■ вести > македонија ■ 08-Jun 20:45 -> 09-Jun 08:15
.
.
.
.

Успешна евакуација на повредено лице од Шар Планина со хеликоптер на Армијата

  • ФОТО: Во критична состојба лицето кое беше спасено на Ливадичко езеро, од скршениците имало обилно крварење

Вчера во попладневните часови, по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Армијата на Република Северна Македонија, поради сериозноста на повредите и непристапниот терен, изврши итна медицинска евакуација со хеликоптер од вВИНГ, на лице кое паднало во провалија во близина на Ливадичко Езеро, Шар Планина.

Денес 08.06.2025 година, во попладневните часови, по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Армијата на Република Северна Македонија, поради сериозноста на повредите и непристапниот терен, изврши итна медицинска евакуација со хеликоптер од вВИНГ, на лице кое паднало во провалија во близина на Ливадичко Езеро, Шар Планина.

4 (53) ■ вести > свет > америка ■ 07-Jun 07:19 -> 09-Jun 08:15
.
.
.
.

▷ Точка

  • Трaмп испрати 2.000 војници од Националната гарда во Калифорнија по судирите со демонстранти

  • Тензии во Лос Анџелес по федералните акции против мигранти

  • (Фото) Првите припадници на Националната гарда пристигнаа во Лос Анџелес, најавени се нови протести

Овој потег претставува голема ескалација на напорите на Трамп да ја запре нелегалната имиграција, пренесе „ЛА Тајмс“.

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди распоредување на 2.000 припадници на Националната гарда во Лос Анџелес и Калифорнија, поради жестоки судири меѓу демонстранти и имиграциски власти.

Полицијата се судри со демонстрантите во центарот на Лос Анџелес за време на антиимигрантските мерки во кои беа уапсени десетици луѓе низ целиот град.

Околу 300 припадници на Националната гарда на Калифорнија се распоредени на три различни локации во поширокото подрачје на Лос Анџелес поради протестите што траат веќе два дена, поврзани со спроведувањето на имиграциската политика.

5 (42) ■ вести > македонија > политика ■ 08-Jun 11:20 -> 09-Jun 02:49
.
.
.
.

МВР ги отфрла како невистинити и неосновани тврдењата на СДСМ за наводна набавка на „софтвер за шпионажа“

  • СДСМ: МВР набавува сомнителен софтвер за прислушување

  • Илиевски: МВР набавува сомнителен софтвер за прислушкување

  • МВР го одбива тврдењето на СДС за набавка на софтвер за шпионажа

Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла како невистинити и неосновани тврдењата изнесени од страна на политичката партија СДСМ за наводна набавка на „софтвер за шпионажа“.„Потенцираме дека станува збор за редовно обновување на лиценци за специјализиран форензички софтвер, кој Министерството веќе повеќе од една деценија го користи за екстракција и анализа на дигитални податоци од мобилни телефони и други електронски уреди, во рамки на истраги што се водат исклучиво врз основа на наредби и во согласност со законските процедури.

ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки.

На почетокот на мај оваа година МВР потпишало Договор за набавка на софтвер кој се користи за прислушкување и шпионажа на телефонските уреди, рече денеска на прес-конференција Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.

Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла тврдењата на политичката партија СДСМ за наводна набавка на „софтвер за шпионажа“, оценувајќи ги како невистинити и неосновани.

6 (46) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Jun 08:57 -> 09-Jun 03:51
.
.
.
.

Одморалиштето „Пониква“ ќе биде отстапено за нега и рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани

  • Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани - 070 355 526

  • Митева: Одморалиштето Пониква се става на располагање за рехабилитација на повредените од Кочани

  • Владата отвора телефонска линија за повредените од трагедијата во „Пулс“

Владата следната недела ќе донесе Одлука со која одморалиштето „Пониква“ ќе му се отстапи на Министерството за здравство како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани.

Од понеделник (9 јуни), Владата воспоставува директна телефонска линија – 070 355 526 за повредените во трагедијата во Кочани и нивните семејства, преку која ќе можат да ги изнесат своите барања и потреби.

Владата во текот на следната недела ќе донесе одлука со која одморалиштето Пониква, кое е во сопственост на Министерството за внатрешни работи, ќе се стави на располагање на Министерството за здравство, за да се користи како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација, информира денеска на прес-конференција владината портпаролка Марија Митева.

„Во овие моменти, кога Кочани и цела Македонија сè уште ја чувствуваат болката од трагедијата што ја потресе нашата држава, Владата останува посветена на тоа никој да не биде оставен сам.

8 (18) ■ вести > свет ■ 07-Jun 11:15 -> 09-Jun 07:30
.
.
.
.

Израел ја запре „Флотилата на слободата“, приведени Грета Тунберг и други светски познати активисти

  • Хуманитарен брод со активисти и Грета Тунберг се приближува до Газа

Израелската војска го пресретна хуманитарниот брод „Мадлин“ кој превезуваше храна, адаптирано млеко и медицинска помош за Појасот Газа.

Хуманитарен брод со 12 патници, меѓу кои и шведската активистка за заштита на животната средина Грета Тунберг, стигна до египетскиот брег и се приближува кон воено разурнатиот и опседнат од Израел Појас Газа, соопштија денес организаторите.„Мадлен“, едрилица на Коалицијата „Флотила на слободата“, исплови од Сицилија во неделата за Газа за да донесе хуманитарна помош и да ја пробие израелската блокада на палестинската територија, за која Обединетите нации велат дека се соочува со глад.„Моментално пловиме покрај египетскиот брег“, изјави за АФП германската активистка за човекови права Јасемин Акар, додавајќи дека сè оди добро.

9 (58) ■ вести > свет ■ 07-Jun 05:49 -> 08-Jun 20:45
.
.
.
.

Трамп го нарече Маск „голем зависник од дрога“

  • Илон Маск по анкета повикува на основање нова политичка партија во САД

  • Маск ja избриша објавата на Х што го поврзува Трамп со аферата на Епштајн

  • Маск е зависник од дрога, обвини Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со соработници го обвини милијардерот Илон Маск за зависност од дрога, пренесе „Вашингтон пост“.

Милијардерот и поранешен раководител на Одделот за ефикасност на владата, Елон Маск, изјави дека на САД им е потребна нова политичка партија, заклучок до кој дојде еден ден откако објави анкета на социјалната мрежа X, во која ги праша своите следбеници дали треба да биде потребна партија што претставува „80 проценти од луѓето во средината“, односно гласачи кои не се екстремни поддржувачи ниту на левицата ниту на десницата од политичкиот спектар.

Мултимилијардерот Илон Маск ја повлече објавата на Твитер (X) направена за време на расправијата со американскиот претседател Доналд Трамп во која тврдеше дека администрацијата на Трамп не ги објавила сите записи поврзани со сексуалниот престапник Џефри Епштајн затоа што во нив се споменува самиот американски претседател.„Време е да се фрли голема бомба: (Трамп) е во досиејата на Епштајн“, објави тој на социјалната мрежа на Маск X (поранешен Твитер), во време кога неговите несогласувања со републиканскиот претседател ескалираа во силен јавен конфликт.„Тоа е вистинската причина зошто тие не беа објавени“, додаде милијардерот, иронично посакувајќи му на претседателот „пријатен ден“.Како одговор, Белата куќа едноставно напиша дека ваквите напади се жални, а американскиот претседател рече дека мисли дека Маск целосно го изгубил разумот.

Продолжува размената на остри зборови и квалификации меѓу Трамп и Маск, некогашните блиски соработници.

12 (28) ■ вести > свет ■ 08-Jun 01:31 -> 08-Jun 14:14
.
.
.
.

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе успешно опериран по атентатот врз него

  • (ВИДЕО) Убиен колумбискиот кандидат за претседател Мигел Урибе на митинг во Богота

  • Момче на 15 години изврши атентат врз опозициски кандидат за претседател на Колумбија

Фото: ЕПА Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе, кој беше застрелан во главата за време на митинг во Богота, успешно беше опериран по приемот во болница во критична состојба – соопшти градоначалникот на главниот град, Карлос Фернандо Галан.

Кандидатот за претседател на Колумбија на изборите следната година, сенаторот Мигел Урибе, беше застрелан во главниот град Богота, јавуваат светските агенции.

Колумбискиот сенатор Мигел Урибе, кој важеше за потенцијален кандидат на претседателските избори следната година, се наоѓа во критична состојба во болница, откако беше застрелан на настан во Богота, наводно од 15-годишно момче, јавуваат локалните медиуми.

13 (24) ■ вести > македонија ■ 07-Jun 08:14 -> 08-Jun 13:00
.
.
.
.

Избегнувајте престој на сонце од 11 до 17 часот и пијте многу вода - ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури

  • Лесна облека, многу вода, да не се престојува на сонце: ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури

  • Издадени препораки за заштита од високите температури, ИЈЗ повикува на нивно почитување

Избегнувајте престој на сонце од 11 до 17 часот и пијте многу вода – ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури 360степени | 8 јуни, 2025 10:34.

Со порастот на температурите ширум земјата, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денес објави низа препораки за заштита на населението од потенцијално опасните ефекти на топлотните бранови.

Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури.

15 (13) ■ вести > македонија ■ 08-Jun 09:19 -> 08-Jun 21:00
.
.
.
.

Сиљановска-Давкова: Целта е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка

  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на третата Конференција на ОН во Ница

Фото: Facebook / Gordana Siljanovska Davkova Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Ница, Франција, каде учествува на третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3). -Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат глечерите и сите површини каде водата е во тврда состојба, како и да присуствувам на презентацијата на препораките од специјалните настани на третата Конференција на ОН за океанот, објави претседателката Сиљановска-Давкова.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Ница, Франција, каде ќе учествува на третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3). За време на конференцијата Сиљановска-Давкова ќе присуствува на приемот во чест на високите гости организиран од претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Повеќе од
оваа категорија

38 (21) ■ спорт > свет ■ 07-Jun 06:10 -> 08-Jun 11:00
.
.
.
.

Ѓоковиќ: Можеби го играв последниот натпревар на „Ролан Гарос“ во мојата кариера

  • Ѓоковиќ: Можеби мојот последен Ролан Гарос

  • Ѓоковиќ до публиката во Париз: Можеби за последен пат играв тука

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ синоќа во полуфиналето на „Ролан Гарос“, загуби од Италијанецот Јаник Синер (4:6, 5:7, 6:7 (3:7)) во меч кој можеби беше негов последен на Грен слемот во Париз.

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, по поразот од Јаник Синер во полуфиналето на Ролан Гарос, навести дека мечот можеби бил негов последен во кариерата во Париз.

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се избори пласман во финалето на Ролан Гарос, откако во полуфиналето го совлада Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови (6-4, 7-5, 7-6(3). Мечот траеше три часа и 17 минути, а Италијанецот сега ќе се соочи со Карлос Алкараз, кој претходно беше подобар од Лоренцо Музети.

Повеќе од
оваа категорија