Добивај вести на Viber Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва се вклучи во живо откако како што вели повеќе од 2 часа поминала во полициска станица каде го пријавила случајот за нападот врз неа кој денеска се случи во Чаир.
Општина Чаир најостро го осудува инцидентот што се случи помеѓу градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и неколку лица на територија на Општина Чаир.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека во нападот при увид на дивоградба во скопската општина Чаир врз градоналаничката на Град Скопје Данела Арсовска имало физички контакт, но, дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тврдењето оти тоа се случувало пред припадници на полицијата.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во гостувањето на една од националните телевизии изрази жалење и осуда за инцидентот во којшто беше вклучена градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, појасни какви дејствија презело Министерството и ја повика Арсовска да не бега од МВР и од институциите.