1 (10) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 22-Jul 20:44 -> 23-Jul 13:58
.
.
.
.

Полицијата уапси 71-годишен маж, предизвикал пожари во Демиркаписко

  • Уапсен старец од Демир Капија, предизвикал два пожари

Полициски службеници од ОВР Неготино вчера во 18 часот го уапси Н.М.(71) од Демир Капија поради сомнение дека во два наврати предизвикал пожари.

На 22.07.2025 во 18 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Н.М.(71) од Демир Капија поради сомнение дека во два наврати предизвикал пожари.

13 (16) ■ вести > македонија > грција ■ 22-Jul 11:59 -> 23-Jul 13:30
.
.
.
.

Муцунски на средба со Герапетритис – во фокусот билатералната соработка, економијата и инвестициите

  • МУЦУНСКИ УТРЕ ВО ГРЦИЈА: Атина го поддржува Скопје, тоа го покажавме со пожарите и трагедијата во Кочани и ќе продолжиме со поддршка

Поздрав од Атина – билатералната соработка, економијата и инвестициите во фокусот, напиша на Инстаграм министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски непосредно пред средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис во Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

За нас, С. Македонија е клучен сојузник и директен и важен сосед, брифираат високи грчки дипломатски извори во пресрет на утрешната работна посета на Атина на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина.

Повеќе од
оваа категорија

46 (27) ■ спорт > фудбал > лига на шампиони ■ 21-Jul 14:31 -> 23-Jul 10:15
.
.
.
.

ФЦСБ на колена во Скопје: Шкендија со минималец си го отвори патот кон трето коло во ЛШ (ВИДЕО)

  • Беќири: Задоволен сум од победата, но ФЦСБ сè уште е фаворит!

  • Шкендија славеше во дуелот со ФЦСБ

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија славеше со минимални 1-0 против романски ФЦСБ во првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ). Првото полувреме помина без премногу возбудувања, иако ФЦСБ изврши голем притисок на почетокот на натпреварот и се закани неколку пати кон голот на Гаје.

Тренерот на македонскиот прволигаш Шкендија, Јетон Беќири по победата против ФЦСБ (1-0) во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ) кажа дека е задоволен со настапот на неговите избраници, меѓутоа ја остави фаворитската улога кај ривалот од Романија.

Шкендија ја запиша една од најзначајните победи во својата историја, совладувајќи го романскиот гигант ФЦСБ (поранешен Стeaуа Букурешт) со 1:0 во рамки на второто квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Повеќе од
оваа категорија

151 (3) ■ сцена > култура ■ 22-Jul 10:16 -> 23-Jul 09:33
.
.
.
.

Одбележани 10 години од впишувањетo на гласоечкото пеење во УНЕСКО

  • Македонскиот КИЦ во Загреб го одбележа јубилејот од впишувањетo на “Гласоечко…”во УНЕСКО

Македонскиот КИЦ во Загреб, во рамките на официјалната програма на најголемиот хрватски фестивал за традиционална музика и танц „Меѓународна смотра на фолклорот“, го одбележа јубилејот 10 години од впишувањетo на гласоечкото пеење од Долни Полог на листата на УНЕСКО со настапот на „Трио Гавровски“ заедно со Дарко Коцев, мултиталентиран инструменталист што живее и работи во Германија.

Македонскиот КИЦ во Загреб, во рамките на официјалната програма на најголемиот хрватски фестивал за традиционална музика и танц „Меѓународна смотра на фолклорот“, го одбележа јубилејот 10. години од впишувањетo на “Гласоечкото пеење Долни Полог” на Ургентната листа на УНЕСКО со настапот на „Трио Гавровски“ заедно со Дарко Коцев, мултиталенриран инструменталист кој живее и работи во Германија.