На денешните средби со претставниците на ЕУ ја афирмиравме посветеноста на новата Влада за продолжување по патот кон полноправно членство на земјата во Европската Унија.
Од денеска 18.09.2024 (среда) до 20.09.2024 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и Министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе престојува во работна посета на Брисел.
Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на Брисел, денеска заедно со останатите лидери од земјите од Западниот Балкан присуствуваше на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Процесот на интегрирање во рамките на Европската Унија да се темели на постигнувања, а не на билатерализација, односно на билатерални прашања, порача денеска од Брисел премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека на средбите уште еднаш потенцирал „дека ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми и за нас принципот тие се таму, вие сте надвор не е прифатлив“, како и дека „остануваме фокусирани да предлагаме решенија, и ако навистина има желба, тогаш има и начин“.