Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани од пред Собрание се упатија кон Министерството за внатрешни работи, каде се очекува да имаат и средба со министерот Панче Тошковски.
Во Собранието почна расправата по интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратеничката група „Левица“ поради тоа што, според оваа партија, министерот Тошковски несоодветно ја извршувал функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР.
Со средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заврши денешниот марш на семејствата на настраданите во дискотеката „Пулс“ во Скопје, Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изрази уверување дека правда за овој случај мора да има „ако сакаме да имаме нормална држава“ посочувајќи дека во интерес на истрагата не може да изнесе повеќе детали во овој момент.
„Институционалниот башибозук го создадовте сите вие со партизацијата на институциите за време на вашите владеења и шурувањето со секакви локални битанги поради болно властољубие, вклучувајќи ја и партијата што сега е на власт, а која сега глуми спасител и стабилизатор“, кажа пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, образложувајќи ја интерпелацијата за Тошковски што денеска е на дневен ред во Собранието „Треба да нѐ води обврската да ја кажеме вистината и да ја браниме правдата.