1 (17) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Sep 13:01 -> 27-Sep 00:41
.
.
.
.

Ѓорѓиевски: Некои поединечни раководни лица немаат менаџерски капацитети

  • „Во минатото парите се делеа на општините по симпатија, сега ќе им се делат по формула“, рече Ѓорѓиевски

Сметам дека со средствата од Владата на Република Македонија, конечно ќе се решат децениски проблеми кои пред се’, се поврзани со подземната инфраструктура, поврзани со проблеми кои самите општини, посебно оние помалите низ Македонија, не можеле да ги решат иако имале изготвен проект.

Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва зборуваше за унгарскиот заем, кој ќе биде поделен на општините за реализација на проекти.

2 (35) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Sep 12:51 -> 26-Sep 22:10
.
.
.
.

Филипче: Светска Банка понудила поповолен кредит од унгарскиот

  • Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Северна Македонија е тежок пораз на политиките на Владата

  • ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

  • Ги исцпривме сите механизми за свикување на Комисијата за Законот за бранителите, сега ќе видиме што ќе се случи, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека претходната влада преговарала за заем од Светска банка по многу поповолни услови за разлика од каматната стапка на кредитот што Владата на премиерот Христијан Мицкоски го договори со Унгарија и премиерот Виктор Орбан.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на граѓаните им сервираа изборна измама.

Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вечерашната емисија „Само интервју“, на телевизија Вели дека условите што треба да се исполнат за членството во ЕУ се јасни, прецизни и во ниту еден момент не ги загрозуваат националните интереси и идентитетот на државата.

Засега ги исцрпуваме сите механизми кои ги нуди деловникот во Собранието, за да законот за бранителите стигне на расправа на соодветната Комисија.

3 (50) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Sep 11:04 -> 26-Sep 19:52
.
.
.
.

(ГАЛЕРИЈА) ОРБАН СЛЕТА ВО ОХРИД Мицкоски го пречека на црвениот тепих

  • Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава

  • Безбедносни мерки во Охрид во врска со посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан

  • Унгарскиот премиер пристигна во Охрид, во владината делегација околу 10 министри

Унгарскиот премиер Виктор Орбан попладнево пристигна во Охрид каде утре ќе има тет-а-тет средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската Влада, денеска и утре ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава.

Во врска со престојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан на земјава, СВР – Охрид ги спроведува неопходните безбедносни мерки и активности за безбедно и непречено движење на делегацијата низ Охрид и околината.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан попладнево пристигна во Охрид каде утре ќе има тет-а-тет средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

4 (87) ■ вести > свет ■ 25-Sep 07:30 -> 26-Sep 22:05
.
.
.
.

САД и Франција повикаа на 21-дневен прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах во Либан

  • Дали е неизбежна тотална војна меѓу Израел и Хезболах?

  • Израел и Либан во следните неколку часа се очекува да потпишат примирје, Хезболах не учествува

  • Арапските земји загрижени: Израел го турка регионот во тотална војна

Соединетите Американски Држави (САД) и Франција повикаа на 21-дневен привремен прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах, откако генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш на состанокот на Советот за безбедност рече дека на повидок е да се случи пекол во Либан.

Немилосрдната размена на оган меѓу Израел и либанскиот Хезболах последните денови ги поттикна стравувањата дека долгогодишните непријатели незапирливо се движат кон сеопфатна војна, и покрај меѓународните повици за воздржаност.

САД, Франција и другите сојузници повикаа на итен прекин на огнот од 21 ден за да се овозможи преговори во конфликтот меѓу Израел и Хезболах.

Израел го турка регионот во тотална војна, рекоа шефовите на дипломатиите на Египет, Ирак и Јордан во заедничката изјава објавена во средата, осудувајќи ја „израелската агресија врз Либан“.

5 (35) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Sep 07:00 -> 26-Sep 21:53
.
.
.
.

Сиљановска Давкова: Од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговори со ЕУ

  • Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

  • Сиљановска Давкова заедно со претставници на земјите од З. Балкан на работен ручек со Борел

  • Претседателката Сиљановска Давкова ќе се обрати на 79. Генерално собрание на ОН

Од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговори за членство во Европската Унија, отфрлање на двојните стандарди и почитување на сопствените принципи и вредности, вградени во основните уставни документи, потенцира денеска во својот говор претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред членовите на Генералното собрание на ОН. Како што јави известувачот на МИА од Њујорк, проширувањето, според Сиљановска Давкова, мора да се врзе за меритократските Копенхагенски критериуми и да се ослободи од ветоизацијата врзана за обидот за ревизија на историјата и непочитување на националниот и културниот идентитет.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека не би можела точно да одговори дали може да дојде до реализација на „францускиот предлог плус“ и ставот на Владата кој неодамна беше презентиран во Брисел.

Сиљановска Давкова заедно со претставници на земјите од З. Балкан на работен ручек со еврокомесарот Борел Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, денеска се очекува да присуствува на работниот ручек со претставникот на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел со шефовите на делегациите на земјите од Западниот Балкан.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечер ќе се обрати на 79. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк што се одржува на тема „Не оставајќи никого зад себе: дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“.

6 (35) ■ вести > свет ■ 25-Sep 06:30 -> 26-Sep 22:56
.
.
.
.

Бајден најави воена помош од 8 милијарди долари за Украина

  • Трамп повторно со критика до Зеленски затоа што не постигна договор за завршување на војната во Украина

  • Малку е веројатно дека Трамп ќе се сретне со Зеленски за време на неговата посета на САД

  • Зеленски скептичен за преговори со Русија

Американскиот претседател Џо Бајден најави повеќе од 8 милијарди долари воена помош за Украина за да му помогне на Киев да се одбрани од руските напади.

Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател, Доналд Трамп, повторно го нападна украинскиот претседател, Володимир Зеленски, затоа што не преговара со Русија за завршување на војната во Украина, тврдејќи дека дури и „најлошиот договор“ би бил подобар од сегашното ниво на смрт и уништување.

Зеленски ќе има билатерални средби со американскиот претседател Џозеф Бајден и со американската потпретседателка и демократски кандидат Камала Харис, објави Политико.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази екстремен скептицизам во врска со преговорите со Русија за ставање крај на тековната војна меѓу двата соседа, јави ДПА.

8 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Sep 15:56 -> 26-Sep 17:39
.
.
.
.

Гаши: Секое заостанување на патот кон ЕУ не е добро, се залагам за консензус во Собранието, што побрзо да се договориме и да одиме напред

  • Гаши: Одземена ми е можноста да свикам седница на Комисија која веќе е свикана, останува Комисијата за социјална политика да одлучи за Законот за бранителите

  • Гаши се правда дека не можел да свика комисиска седница за законот за бранители

Претседателот на Собранието Африм Гаши нема намера да ја свика Комисијата за социјална политика, демографија и млади на која ќе се разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства по скратена постапка, откако тоа претходно не го стори претседателката на ова собраниско тело, Илире Даути.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите истакна дека му е одземена можноста да свика седница на собраниска Комисија за која веќе била свикана.

Претседателот на Собранието останува на ставот дека нема деловничка можност да закаже седница за Законот за бранителите, но ќе ги свика пратениците од надлежната комисија, кои ќе треба да одлучат, дали е во право.

11 (20) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Sep 11:05 -> 26-Sep 14:14
.
.
.
.

Скопје да одлучи – или Бугари во Устав или затворање на патот кон ЕУ

  • Борисов и Петков: Скопје треба да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или затворање на европскиот пат

  • Борисов: Албанија оди напред, го прифати бугарското малцинство - никој не може да отстапи од Договорот за добрососедство

Поранешните премиери на Бугарија, Бојко Борисов и Кирил Петков, денеска изјавија дека Договорот за доброседство мора да се почитува и ги повикаа властите во Македонија да одлучат дали ќе ги внесат Бугарите во Уставот или нејзиниот пат кон ЕУ ќе остане затворен.

Поранешните премиери на Бугарија, Бојко Борисов и Кирил Петков, денеска изјавија дека Договорот за доброседство мора да се почитува и ги повикаа властите во Северна Македонија да одлучат дали ќе ги внесат Бугарите во Уставот или нејзиниот пат кон ЕУ ќе остане затворен.

Бугарија и Република Северна Македонија потпишаа Договор за добрососедство, кој е вклучен во планот за проширување и никој не може да отстапи од него, изјавил претседателот на тамошната собраниска комисија и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов, коментирајќи ја одлуката на постојаните претставници во Европската унија (ЕУ), донесена на состанокот на 25 септември, за одвојување на Албанија од Македонија на патот кон членство во ЕУ. Лидерот на ГЕРБ ја советувал Бугарија да биде умерена во ова прашање и без чувство на одмазда.

12 (20) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Sep 20:56 -> 26-Sep 12:05
.
.
.
.

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

  • Албанија на 15 октомври го отвора првото поглавје и се разделува од Северна Македонија на патот кон ЕУ

  • Албанија ги почнува преговорите со ЕУ без Македонија

Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (Корепер) донел одлука Албанија да ги започне преговорите за членство со ЕУ по поглавја, со што би била одвоена од земјава на европскиот пат, тврди бриселскиот портал „Еурактив“, повикувајќи се на извори во Советот на ЕУ. ЕУ донесе одлука за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија во пакет во јули 2022, по што двете земји го спроведоа скринингот, но понатамошниот преговарачкиот процес по поглавјата беше запрен – за земјава поради неисполнувањето на преземената обврска за промена на Уставот, а за Албанија поради блокада од Грција, по приведувањето на кандидатот за градоначалник на албанскиот град Химара, Фреди Белери, етнички Грк, под обвинение за поткуп на гласачи пред изборите.

Амбасадорите на земјите членки на Европската Унија денеска во Брисел едногласно одлучија Албанија да ги продолжи преговорите за полноправно членство во ЕУ, објави вечерва Бугарското национално радио БНР.

Eвропската Унија и Албанија ќе ги отворат преговарачките поглавја без Македонија.

13 (15) ■ вести > македонија ■ 26-Sep 13:48 -> 26-Sep 16:51
.
.
.
.

ЕК: Северна Македонија да ги вметне Бугарите во Уставот, па ќе ги почне преговорите

  • Писонеро:ЕК очекува старт на преговорите по кластери со Македонија штом се исполни договореното

Европската комисија со нетрпение очекува што е можно поскоро почеток на преговорите по поглавја со Албанија и Северна Македонија, изјави портпаролката на ЕК за проширување, соседска политика и меѓународни партнерства Ана Писонеро во однос на одлуката на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР), Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја.

ЕК очекува старт на преговорите по кластери со Македонија штом таа ги исполни договорените релевантни критериуми Европската комисија со нетрпение очекува што е можно поскоро почеток на преговорите по поглавја со Албанија и Македонија, изјави портпаролката на ЕК за проширување, соседска политика и меѓународни партнерства Ана Писонеро во однос на одлуката на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР), Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

204 (5) ■ бизнис > економија ■ 25-Sep 09:00 -> 25-Sep 10:31
.
.
.
.

Повторно побаравме помош од Србија: Македонски железници изнајми четири локомотиви од „Србија Карго“

  • Македонски железници почнаа да возат за Србија Карго, изнајмени четири локомотиви

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки „Србија Карго“ и Железниците на Република Северна Македонија – Транспорт потпишаа Договор за привремен закуп на четири електрични локомотиви од серијата 461, со што се воспостави стратешка соработка меѓу двете државните железници од областа на железничкиот транспорт на стоки, објави „Србија Карго“.

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки Србија Карго вчера соопшти дека склучило договор со Железницата на Македонија - Транспорт АД Скопје, на која ќе и изнајми четири електрични локомотиви од серијата 461, со што е воспоставена стратешка соработка на две државни железнички компании во областа на железничкиот транспорт на стоки, јави дописникот на МИА од Белград.