1 (5) ■ вести > македонија ■ 31-Jan 13:18 -> 31-Jan 13:59
.
.
.
.

ЌЕ МУ СТАВИМЕ КРАЈ НА ДИВЕЕЊЕТО ПО УЛИЦИТЕ Мицкоски го поддржа протестот за Фросина

  • Мицкоски: Оправдан е револтот на граѓаните, го подржувам нивниот протест

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за протестот на граѓани поради сообраќајката во која на булеварот Партизански одреди во Скопје беше прегазена 22-годишната Фросина Кулакова рече дека револтот на граѓаните е оправдан и оти ги поддржува протестите, најавувајќи дека ќе се спроведе ригорозна казнена политика на санкционирање на ваков тип дивеење.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека оправдан е револтот на граѓаните и тука нема нема дилема.

5 (10) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 29-Jan 09:37 -> 31-Jan 13:11
.
.
.
.

Малолетничка со нож го ранила својот татко во Пробиштип

  • Уапсени крадци, краделе од продавници во Пробиштип и Злетово

Шеснаесетгодишно девојче вчера околу 9.40 часот во семејниот дом во Пробиштип, по претходна расправија меѓу родителите, го нападнала и нанела убодна рана на својот 46-годишен татко, И.А. Случајот бил пријавен во полиција, а по добиената информација, екипа од Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип излезе на местото на настанот.

Вчера во 14.35 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип ги лишиле од слобода С.А.(28) од Радовиш и М.Е.(40) од Штип, поради сомнение дека ден претходно извршиле две кривични дела „тешка кражба“ во продажни објекти во Пробиштип и Злетово, при што одзеле повеќе производи.

10 (14) ■ вести > македонија ■ 30-Jan 19:06 -> 31-Jan 13:40
.
.
.
.

Лекарскиот колегиум на Клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле бара разрешување на директорката

  • Докторите од „Козле“ бараат разрешување на директорката на Клиниката, откако таа избрка лекарка со 22-годишно искуство

Протестно писмо од Лекарскиот колегиум на Универзитетската Клиника за респираторни заболувања кај децата Козле, за безрезервна поддршка на Д-р Веселинка Митровска Јосифова и итно разрешување на в.д. директорката Каролина Симоновска.

Лекарскиот колегиум на Клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле бара итно и неодложно разрешување на в.д. директорката Каролина Симоновска по донесената последна одлука за отказно решение на д-р Веселинка Митровска Јосифовска, реномиран ОРЛ специјалист и бронхоскопист со долгогодишно искуство, и бара итно враќање на докторката на работа.

13 (14) ■ вести > македонија ■ 31-Jan 07:18 -> 31-Jan 12:10
.
.
.
.

Филипче: Владата треба да ги заштити граѓаните од високите цени

  • Филипче: Соработка со хрватската СДП во градењето на новата Програма на СДСМ

Владата е одговорна да се грижи за граѓаните да не доживуваат вакви цени, поради тоа што таа е одговорна за формирањето на цените, истакнал претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој е во дводневна работна посета на Хрватска, на средби со раководството на хрватската Социјалдемократска партија (СДП). -Еве и тука, во Хрватска, има протест на граѓаните за високите цени на маркетите.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче и заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, во Загреб, Република Хрватска остварија работни средби со раководството на Социјалдемократската партија на Хрватска, со претседателот Синиша Хајдаш Дончиќ, со потпретседателот Ранко Остојиќ и со меѓународниот секретар, Каролина Леаковиќ.

Повеќе од
оваа категорија

78 (5) ■ спорт > македонија ■ 30-Jan 16:05 -> 31-Jan 14:06
.
.
.
.

Ристовски: Спортот не е земјоделие да се субвенционира, нема да финансираме се и сешто

  • НЕМА ПОВЕЌЕ СУБВЕНЦИИ ЗА ЕКИПИТЕ ОД ТРЕТА ЛИГА Министерот Ристовски вели дека се откриени многу проневери на средства

Министерот за спорт, Борко Ристовски истакна дека државата нема да исплаќа субвенции на екипите од Третата македонска фудбалска лига, ниту пак третолигашите од било кој друг спорт, затоа што, согласно деталните анализи, тоа воопшто не носи зголемување на квалитетот во соодветниот спорт.

Нема да се даваат субвенции на екипите од Третата македонска фудбалска лига, а субвенции нема да добиваат и екипите од кој било друг спорт, истакна денеска министерот за спорт, Борко Ристовски, кој изврши увид во градежните работи на затворениот базен во Штип.

Повеќе од
оваа категорија

9 (5) ■ бизнис > економија ■ 31-Jan 12:54 -> 31-Jan 13:40
.
.
.
.

Раст на невработеноста во ЕУ на месечно ниво

  • ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ЛАНИ СЕ НАМАЛИЛО ЗА 5,3% Највисок пад е забележан во рударството

Во декември минатата година стапка на невработеност во ЕУ изнесувала 5,9 отсто што претставува раст во однос на ноемвриските 5,8 проценти, додека на ниво на Еврозоната таа била 6,3 отсто и исто така бележи зголемување за 0,1 проценти поени споредено со претходниот месец, соопшти Европската статистичка служба – Евростат.

Индустриското производство минатата година, во однос на 2023 година, е намалено за 3,6 %. Во декември 2024, пак, во споредба со истиот месец од претходната година, индустриското производство бележи пад од 1,4 %, соопшти Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење на камен“ во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање од 10%, во секторот „преработувачка индустрија“ бележи опаѓање од 1,1 %, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ пораст од 5,7 %. Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хартија и производи од хартија, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

102 (5) ■ бизнис > економија ■ 30-Jan 17:48 -> 30-Jan 20:12
.
.
.
.

РАБОТНИЦИТЕ ЧЕКААТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛЕЦОТ: Мицкоски кажа дека него ќе го договорат работниците и работодавачите

  • Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката Јована Тренчевска за тоа дали се планира раст на минималната плата и дали истата ќе изнесувала над 500 евра, изјави дека иако на Владата најмногу би му одговарало тоа, минималната плата треба да ја одредат работодавачите и работниците.

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката Јована Тренчевска за тоа дали се планира раст на минималната плата и дали истата ќе изнесувала над 500 евра истакна дека иако на Владата најмногу би му одговарало тоа, минималната плата треба да ја одредат работодавачите и работниците.

241 (4) ■ бизнис > мои пари ■ 29-Jan 10:48 -> 29-Jan 12:24
.
.
.

М6 Едукативен центар со сопствен поткаст – во првата епизода инспиративна дискусија со Светозар Јаневски

  • М6 Едукативен центар стартува со сопствен поткаст – во првата епизода инспиративна дискусија со Светозар Јаневски за „Културата на лидерите – Клучот во управувањето со луѓето“

М6 Едукативен центар го стартува сопствениот поткаст „Чекор напред со М6“, каде преку разговори со врвни експерти и докажани професионалци ќе понуди уникатен увид и професионални искуства за различни аспекти на бизнисот и личниот развој.

М6 Едукативен центар го стартува сопствениот поткаст „Чекор напред со М6“, каде преку разговори со врвни експерти и докажани професионалци ќе понуди уникатен увид и професионални искуства за различни аспекти на бизнисот и личниот развој.