Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска реагираа на изјавата на вицепремиерот, министер за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој во синоќешното интервју за „360 степени“ рече дека евентуална соработка на Таравари со партијата на Али Ахмети би било политичко самоубиство.
Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски вели дека прашањето за предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори е затворено прашање и дека наесен граѓаните ќе гласаат само за општински советници и градоначаници, а во 2028 година ќе се одржат редовни парламентарни избори.
„Предвремени парламентарни избори нема да има, граѓаните минатата година јасно ја изразија својата волја.
Владата и парламентарното мнозинство се стабилни, се огласија вчера премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по седницата на Централниот комитет на партијата и претседателот на Собранието Африм Гаши во интервју за Радио Слободна Европа.