ПОВЕЌЕ ОД 78% ОД ТУРИСТИТЕ ВО АПРИЛ БИЛЕ СТРАНЦИ Најбројни биле Турци и Германци Во периодот јануари – април 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 13,4 %, односно кај домашните туристи има намалување за 4,2 %, а кај странските има зголемување за 21,6 %. Фото: EPA-EFE/Marcel van Hoorn Бројот на туристите во април 2025 година изнесува 96.943, од кои 21,4 % се домашни туристи, а 78,6 % се странски туристи, објави Државниот завод за статистика.
Македонија се бори за погоеми приходи од туризмот, и повеќе туристи во земјава.