1 (9) ■ бизнис > македонија ■ 01-Feb 13:46 -> 01-Feb 14:29
.
.
.
.

УЈП-на денот на бојкотот прометот на 8 големи маркети се преполовил

  • Бојкотот го преполови прометот на маркетите, УЈП ги објави податоците

Со оглед на интересот на јавноста, Управата за јавни приходи (УЈП) во рамки на своите овластувања ги доставува податоците од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS), односно регистриран готовински промет во 8 – те поголеми ланци на маркети на територијата на целата држава за деновите 24, 30 и 31 јануари 2025 година.

Управата за јавни приходи го објави прометот на осумет најголеми трговски ланци во земјава на денот на бојкотот, но и ден претходно како и минатиот петок.

5 (5) ■ вести > македонија ■ 01-Feb 12:17 -> 01-Feb 13:57
.
.
.
.

Поскапувањето на парното ќе доведе до нова еколошка катастрофа, предупредува Шукова

  • Шукова: Парното поскапува заради неспособноста на Владата, стандардот на граѓани во слободен пад

Потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, предупреди дека поскапувањето на парното ќе доведе до нова еколошка катастрофа, бидејќи граѓаните ќе бидат принудени да користат алтернативни и многу поштетни извори на греење, што ќе го зголеми загадувањето.

Во време кога животот е сѐ поскап, кога граѓаните секојдневно се борат за да го задржат својот животен стандард, Владата зададе нов силен удар врз нив – драстично поскапување на парното греење од над 5%! Ова е директен удар врз семејните буџети, во време кога трошоците за живот експлодираат, а платите остануваат исти, рече потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова на денешната прес конференција.

11 (11) ■ вести > македонија ■ 01-Feb 08:05 -> 01-Feb 11:30
.
.
.
.

Регистриран земјотрес во Скопје

  • ЗЕМЈОТРЕС ПОЧУВСТВУВАН ВО СКОПЈЕ ПО ПОЛНОЌ Епицентарот бил на 10 километри од главниот град

Земјотресот со епицентар на десет километри источно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 бил регистриран рано изутринава, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, во 1 часот и 10 минути на 1 февруари 2025 година регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 10 километри источно од градот Скопје, со Рихтерова локална магнитуда 2.5, информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

183 (5) ■ бизнис > економија ■ 30-Jan 17:48 -> 30-Jan 20:12
.
.
.
.

РАБОТНИЦИТЕ ЧЕКААТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛЕЦОТ: Мицкоски кажа дека него ќе го договорат работниците и работодавачите

  • Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката Јована Тренчевска за тоа дали се планира раст на минималната плата и дали истата ќе изнесувала над 500 евра, изјави дека иако на Владата најмногу би му одговарало тоа, минималната плата треба да ја одредат работодавачите и работниците.

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката Јована Тренчевска за тоа дали се планира раст на минималната плата и дали истата ќе изнесувала над 500 евра истакна дека иако на Владата најмногу би му одговарало тоа, минималната плата треба да ја одредат работодавачите и работниците.

176 (6) ■ сцена > култура ■ 30-Jan 07:55 -> 30-Jan 15:15
.
.
.
.

КОМЕМОРАЦИЈА ЗА КОЛЕ МАНЕВ ВО ДЛУМ: Македонската култура останува посиромашна за еден голем човек и извонреден уметник

  • Комеморативна седница за уметникот, режисер и писател Коле Манев

Друштвото на ликовни уметници на Македонија денеска организира комеморативна седница за уметникот Коле Манев (1941-2025), член и поранешен претседател на ДЛУМ.

Без разлика дали работеше во сликарството, културата или литературата неговите дела ја доловуваат душата на неговото време и ја пресликуваат секоја болка, секоја радост и секоја надеж, а неговото творештво говори за универзалноста на неговите величини и изрази, беше посочено на денешната комеморативна седница во Националната галерија Даут пашин амам за уметникот, режисер и писател Коле Манев, кој почина на 22 јануари годинава.