На протестот во Неготино, сестрата на загинатата Фросина Кулакова, Росица Кулакова истакна дека проблемите во општеството потекнуваат од судскиот систем кој не ги казнува соодветно злоделата.
Коренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем бидејќи тој има неприкосновена обврска да покаже и докаже дека злоделата мора да бидат соодветно казнети, бидејки законодавецот предвидел многу повисоки казни од оние што судот во пракса ги досудува.