Поднесено е обвинение против 16 лица,откако во октомври минатата година полицијата уапси поголем број на царински службеници и полицајци осомничени дека земале мито од превозници на стоки на граничните премини Ново Село и Дојран во случајот „Премин“.
По спроведената истражна постапка во предметот под кодно име „Премин“, надлежниот јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, денеска до Основниот кривичен суд Скопје доставил обвинителен акт против 14 лица и обвинителен предлог против две лица.