1 (9) ■ вести > македонија ■ 07-Apr 14:00 -> 08-Apr 08:02
.
.
.

Сервисни информации: Ова се општините во Скопје каде денес ќе нема струја и вода

  • Утре без струја дел од Аеродром и Карпош, без вода дел од општините Центар и Кисела Вода

ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денес без напојување со електрична енергија ќе останат: - Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од ул.. Горно Лисиче во делот од биолеб до половни Автоделови VOLKSWAGEN АЛЕК.

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Општина Аеродром и Карпош, соопшти РЦУК - Скопје.

2 (36) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 07-Apr 07:00 -> 07-Apr 19:54
.
.
.
.

Ѓорчевски: Во моментот кога го одземале животот на Вања, го одземале и мојот живот

  • Туфегџиќ: Обвинението е неосновано, исказот го покажа тоа

  • Александар, таткото на Вања, тврди дека нема апсолутно никаква инволвираност во случајот

  • Таткото на Вања: Во полицијата нѐ убедуваа дека се регрутирала за ИСИС и избегала во Шведска

Александар Ѓорчевски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје рече дека нема апсолутно никаква инволвираност и дека ниту ги познава, ниту може да ги гледа обвинетите во случајот за убиствата на неговата ќерка Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Бранител на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, изјави дека исказот на неговиот клиент е јасен и искрен, одразувајќи реално учество во настаните.

Продолжи судскиот процес за убиството на Вања и Панче.

Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, кој е еден од осомничените за случајот, денеска првпат сведочеше во Основниот кривичен суд во Скопје.

3 (33) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Apr 11:04 -> 08-Apr 07:54
.
.
.
.

Нема реконструкција на Владата пред локалните избори, изјави Мицкоски

  • Меџити: Таравари е единствениот кој што има дилеми и гледа можна соработка со ДУИ

  • Таравари: Немаме понуда од „Влен“ да се споиме во една партија, ако тие сами одлучиле, нека го задржат името „Влен“

  • Меџити: Само Таравари гледа можност за соработка со ДУИ

Владата нема да се реконструира пред локалните избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на ФЗО Сашо Клековски.

Еден од лидерите во коалицијата ВЛЕН и министер за животна средина, Изет Меџити денеска проговори за превирањата во владеачката коалиција и најавите дека можно е ВЛЕН да остане без еден од нивните лидери – Арбен Таравари.

Арбен Таравари кој го предводи едното крило на Алијанса на Албанците и е дел од коалицијата од албанскиот политички блок „Влен“ вели дека не добиле понуда од „Влен“ да се спојат во една партија.

Се водат разговори во рамки на Коалицијата „Влен“ за сите политички субјекти во рамки на Коалицијата да се претворат и втопат во Влен како политичка партија која ќе ги претставува Албанците на претстојните локални избори, изјави денеска вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, по состанокот на советодавната комисија Рамсар, посветен на иднината на Преспанското Езеро кое ја поврзува земјава со Албанија и Грција.

4 (56) ■ вести > македонија > политика ■ 06-Apr 08:15 -> 07-Apr 20:51
.
.
.
.

Филипче: Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека може да живеат со 400 евра

  • Венко Филипче официјално избран за претседател на СДСМ на внатрепартиски избори

  • Курир: СДСМ во слободен пад: По црвениот картон од народот и членството со мизерна поддршка за Филипче

  • Филипче: Добив доверба од двојно повеќе членови од првиот пат

Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека можат да живеат со 400 евра месечно, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес конференцијата по неговата победа на внатрепартиските избори.

Венко Филипче официјално е избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на денешните директни внатрепартиски избори, на кои тој беше единствениот кандидат.

Граѓаните му дадоа црвен картон на СДСМ на изборите одземајќи им ја власта на локално и на централно ниво.

Сакам најпрво искрено да им се заблагодарам на сите што излегоа и гласаа – ова е ваша победа, ова е потврда дека сме на добар пат.

5 (25) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 07-Apr 13:20 -> 07-Apr 18:06
.
.
.
.

„КАКО ДА И ЗАПАЛАМ СВЕЌА И ДА И РЕЧАМ БИДИ ЗАДОВОЛНА? “: Сестрата на смртно прегазената Теодора Ристовска со солзи реагира на пресудата

  • Двегодишна казна за Менсур Пајазити, кој ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска

  • Менсур Пајазити осуден на две години затвор за смртта на Теодора Ристовска во сообраќајна несреќа

Возачот кој смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска, доби две години казна затвор.

Судот во Тетово денеска донесе одлука по рочиштето за случајот каде 22 годишната девојка Теодора Ристевска беше прегазена во Тетово.

На повтореното судење за смртта на Теодора Ристовска во сообраќајна несреќа, денеска во Основен суд Тетово, обвинетиот Менсур Пајазити ја призна вината и по изведување на докази и завршни зборови, судијата Елведин Ферати го осуди на казна затвор од две години.

9 (34) ■ вести > македонија > политика ■ 06-Apr 12:34 -> 07-Apr 15:28
.
.
.
.

Мицкоски за царините од САД: Очекувам многу скоро да се корегира одлуката, очигледно е грешка или погрешна информација

  • Мицкоски: Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација, многу скоро очекувам убава вест за македонската економија

  • За Мицкоски царините од САД се резултат на „некаква грешка“

  • Владата функционира обединето и единствено, мнозинството е стабилно

Премиерот Христијан Мицкоски очекува многу скоро да се корегира одлуката на САД за зголемувањето на царините кон земјава.

Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација и очекувам многу скоро убава вест за македонските граѓани и македонската економија, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали и како зголемените даноци од САД ќе влијаат на македонската економија.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече одлуката на САД за воведување висока царинска стапка од 33 отсто за увоз на македонски производи и услуги е резултат на „некаква грешка“, посочувајќи дека се водат разговори за излегување од ваквата состојба.

функционира обединето и единствено.

11 (9) ■ вести > свет ■ 07-Apr 16:18 -> 07-Apr 22:55
.
.
.
.

Трамп се закани со дополнителни царини за Кина ако таа не ги повлече најавените возвратни мерки против САД

  • Трамп се заканува со дополнителни царини од 50 отсто за Кина доколку не ја намали одмаздничката давачка

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе дополнителни царини од 50 отсто за Кина ако Пекинг до 8 април не ги укине најавените возвратни царини против САД.

Претседателот Доналд Трамп во понеделникот рече дека е подготвен да воведе нови царини од 50 отсто за Кина по одмаздничките давачки на Пекинг објавени минатата недела, дополнително ескалирајќи ја глобалната трговска војна што ги потресе пазарите, пренесува Си-ен-ен. Тој рече дека дополнителните тарифи ќе стапат на сила кон средината на неделата ако Кина не ја отстрани одмаздничката тарифа од 34 отсто до вторник.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

28 (8) ■ бизнис > економија ■ 07-Apr 13:36 -> 07-Apr 15:13
.
.
.
.

Инфлацијата конечно попушта? На годишно ниво 2,7 отсто, трошоците за живот во март пониски од февруари

  • Пораснаа животните трошоци и малопродажните цени!

Трошоците на животот во март 2025 година, во однос на март лани, бележат зголемување од 2,7 отсто, а цените на мало раст од 2,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Државниот завод за статистика информираше дека во март 2025 година, во споредба со март минатата година, трошоците на животот забележаа пораст од 2,7 %, додека цените на мало забележаа зголемување од 2,2 %. Инфлацијата, мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, бележи пад од 1,3 %. Намалувањето на инфлацијата во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, е предизвикано од опаѓањето на трошоците на животот во следните категории: “Храна и безалкохолни пијалаци за 3,0 %, Транспорт за 1,8 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,6 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,5 % и Разновидни стоки и услуги за 0,3 %”. Од друга страна, во март 2025 година, споредено со февруари 2025 година, пораст на трошоците на животот е регистриран во следните групи: “Домување, вода, електрика, гас и други горива и Облека и обувки за 0,4 %, Ресторани и хотели за 0,3 %, Комуникации и Здравје за 0,2 % и Рекреација и култура за 0,1 %”. “Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.” Цените на мало во март, во однос на февруари годинава, се пониски за 0,9 %.

80 (5) ■ сцена > здравје ■ 07-Apr 07:32 -> 07-Apr 09:18
.
.
.
.

СЗО: На секои две минути во 2023-та умирала по една жена или вкупно 260.000 жени во светот од компликации од бременост или породување

  • СЗО: Една жена умира на секои две минути за време на бременост или породување

Компликациите од бременост или породување предизвикуваа смрт на жена приближно на секои две минути во 2023 година, се наведува во извештај на Светската здравствена организација (СЗО) и другите тела на ОН. Во извештајот, објавен денеска, се вели дека тоа изнесува околу 260.000 жени на глобално ниво.

Компликациите од бременост или породување предизвикуваа смрт на жена приближно на секои две минути во 2023 година, се наведува во извештај на Светската здравствена организација (СЗО) и другите тела на ОН. Во извештајот, објавен денеска, се вели дека тоа изнесува околу 260.000 жени на глобално ниво.