Шеесет и тригодишна жена беше извлечена од урнатините 91 час по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мјанмар.
Во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што завчера го погоди Мјанмар, а кој беше почувствуван и во Бангкок и предизвика пустош во Тајланд, 18 лица загинаа во Бангкок, објави денеска тајландската државна јавна телевизија ПБС, повикувајќи се на извори во спасувачката служба во тој град.
Светските медиуми пренесуваат дека денеска имало последователни потреси кои ги исплашиле жителите во Мандалеј додека низ урнатите згради барале преживеани Бројот на жртвите од земјотресот во Мјанмар продолжува да расте, додека странските спасувачки тимови и помошта се упатија во земјата во која болниците се преоптоварени, пишува Ројтерс.
Владејачката воена хунта во Мјанмар денеска прогласи еднонеделна жалост по силниот земјотрес што го погоди регионот, при што загинаа повеќе од 2.000 луѓе, а речиси 300 се водат како исчезнати, а речиси 4.000 беа повредени.