1 (5) ■ вести ■ 03-Mar 14:30 -> 04-Mar 07:48
.
.
.
.

Изложба на идејни решенија за новата управна зграда на Општина Центар

  • На изложба ќе се претстават идејните решенија за новата управна зграда на Општина Центар

Општина Центар денеска организира Архитектонска изложба за идејни решенија за новата општинска зграда.

Утре (4 март) во 19 часот во „Центар Јадро“ ќе се отвори изложбата на која ќе бидат претставени идејните решенија за новата управна зграда на Општина Центар.

2 (51) ■ вести > свет > нато ■ 02-Mar 09:45 -> 04-Mar 08:01
.
.
.
.

Трамп: Зеленски треба да биде „повеќе благодарен“ за поддршката на САД против руската инвазија

  • Зеленски и европските сојузници ја зацврстуваат соработката по спорот со Трамп

  • Трамп: САД нема уште долго да ги толерираат изјавите на Зеленски

  • „Во оваа партија шах, Трамп победува“ – се огласи претседателот на САД по самитот во Лондон

Претседателот Доналд Трамп изјави дека лидерот на Украина, Володимир Зеленски треба да биде „повеќе благодарен“ за поддршката на САД против руската инвазија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска рече дека ќе работи со Европа за да постави услови за евентуален мировен договор што ќе им ги претстави на САД откако сојузниците собрани во Лондон ветија дека ќе потрошат повеќе за безбедноста и ќе соберат коалиција за одбрана на какво било примирје во Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Вашингтон „нема уште долго да ги толерира“ изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за „далечниот“ крај на војната со Русија.

Американскиот претседател Доналд Трамп даде изјава на социјалната мрежа „Truth Social“ за време на самитот во Лондон на кој се одлучува за судбината на Украина.

3 (30) ■ вести > македонија > политика ■ 03-Mar 16:07 -> 04-Mar 08:12
.
.
.
.

Средба на Мицкоски и Орбан во Будимпешта, продолжува владиниот самит

  • МУЦУНСКИ ОД БУДИМПЕШТА: Утрешниот заеднички состанок на двете влади, значаен момент на продлабочување на нашите односи

  • Муцунски: Унгарија е меѓу 10-те најголеми наши трговски партнери и странски инвеститори

  • Сијарто: Унгарија и Северна Македонија го поддржуваат мирот во Украина што може да се постигне само со американско-руски договор

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта во рамки на унгарско-македонскиот владин самит ќе оствари средба со неговиот домаќин унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Утрешниот заеднички состанок на двете влади, значаен момент на продлабочување на нашите односи, истакна на денешната заедничка прес конференција со унгарскиот шеф на дипломатијата Петар Сијарто министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски.

Унапредување на билатералните односи, трговската соработка, како и перспективите и предизвиците во процесот на нашата европска интеграција беа во фокусот на разговорите на средбата на министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Унгарија Тимчо Муцунски и Петер Сијарто со која беше означен почетокот на владиниот самит на двете држави во Будимпешта, јави известувачот на МИА.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски уште еднаш ја потенцира поддршката што Унгарија и ја дава на нашата земја за зачленување на ЕУ, но исто така нагласи и дека двете земји се за мир во Украина што го покажале со поддршката на Резолуцијата на САД во ОН. – Ние и Република Северна Македонија сме на страната на мирот.

4 (22) ■ вести > македонија ■ 03-Mar 12:03 -> 03-Mar 17:52
.
.
.
.

ССМ БАРА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 500 ЕВРА Ако не се прифати ќе организира штрајк

  • ССМ бара дополнително зголемување на минималната плата за 6.000 денари

  • Прес-конференција на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов (во живо)

Дополнително зголемување на минималната плата за 6.000 денари, бара Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Ваквиот предлог денеска е доставен до Владата, Организацијата на работодавачите и пратениците, а ќе значи, како што беше речено на прес-конференција, дополнително зголемување на сите останати плати на работниците во земјава.

Дополнително зголемување на минималната плата за 6.000 денари, бара Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Ваквиот предлог денеска ќе биде доставен до Владата, Организацијата на работодавачите и пратениците, а ќе значи, како што беше речено на прес-конференција, дополнително зголемување на сите останати плати на работниците во земјава.

Прес-конференција на претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов.

5 (25) ■ вести > македонија > политика ■ 02-Mar 13:18 -> 03-Mar 20:12
.
.
.
.

Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски на унгарско-македонски владин самит во Унгарија

  • Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит во Унгарија

  • МИЦКОСКИ ОДИ ВО УНГАРИЈА, ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ОРБАН - унгарско-македонски владин самит

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит што денеска и утре ќе се одржи во Република Унгарија.

Премиерот Христијан Мицкоски и министрите ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит на 3-4 март 2025 година што ќе се одржи во Република Унгарија.

Премиерот Христијан Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит на 3-4 март 2025 година кој ќе се одржи во Република Унгарија, информираат од Владата.

12 (33) ■ вести > свет ■ 02-Mar 08:04 -> 03-Mar 20:04
.
.
.
.

Хамас ја нарече „воено злосторство“ и „евтина уцена“ одлуката на Нетанјаху да го блокира доставувањето хуманитарна помош за Газа

  • Американскиот државен секретар Рубио потпиша декларација за забрзана испорака на воена помош од четири милијарди долари за Израел

  • Израел соопшти дека целосно го запира внесувањето помош и залихи за Појасот Газа

  • Израел го прифати американскиот план за привремен прекин на огнот во Газа, соопшти кабинетот на премиерот Нетанјаху

Радикалното палестинско движење Хамас ја нарече „воено злосторство“ и „евтина уцена“ денешната одлука на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го прекине доставувањето хуманитарна помош за Појасот Газа, пренесоа светските агенции.

Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека потпишал декларација за забрзување на доставувањето воена помош од околу четири милијарди долари за Израел.

Израел денеска соопшти дека целосно го запира влезот на сите стоки и залихи во Појасот Газа и предупреди на „дополнителни последици“ доколку Хамас не прифати нов предлог за продолжување на примирјето, јавија светските агенции.

Израел го прифати предлогот на пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, за привремен прекин на огнот во Појасот Газа за време на Рамазан и Пасха, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху само неколку часа по истекот на првата фаза од претходно договорениот прекин на борбените дејствија.

13 (8) ■ вести > македонија ■ 03-Mar 20:42 -> 03-Mar 21:34
.
.
.
.

Перински во Будимпешта: Партнерството со Унгарија ќе придонесе за унапредување на општинскиот развој

  • ПАРТНЕРСТВОТО ЌЕ ПРИДОНЕСЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИОТ РАЗВОЈ Перински се сретна со унгарскиот колега

„Споделените искуства се од особена важност за подобрување на капацитетите на локалната администрација и регионалниот развој во нашата земја, а интензивирањето на соработката е важен чекор во зајакнувањето на нашето партнерство со Унгарија како и во насока на остварување на европските амбиции на земјата“, додаде Перински кој на средбата го информираше министерот Наврачич за досегашниот тек на проектот за финансиска поддршка на инфраструктурни проекти, една од најзначајните мерки на нашата Влада за унапредување на општинскиот развој, која се реализира со средства обезбедени од унгарскиот кредит.

Во рамките на дводневната посета на унгарско-македонскиот владин самит, кој се одржува во Будимпешта, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари билатерална средба со Тибор Наврачич, министер за јавна администрација и регионален развој на Унгарија.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

74 (6) ■ сцена > култура ■ 03-Mar 07:02 -> 03-Mar 15:57
.
.
.
.

Осум романи ја продолжуваат трката за наградата Роман на годината

  • ▷ Осум романи ја продолжуваат трката за „Роман на годината“

Жири-комисијата за наградата Роман на годината за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), селектираше 8 романи што ја продолжуваат трката за наградата Роман на годината.

Како што соопштуваат од жири-комисијата, на годинашниот конкурс пристигнале 43 романи, во првата селекција одбрани се 20 наслови, а сега на списокот остануваат уште осум романи: Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), селектираше осум романи што ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“.