„Во овие моменти, кога Кочани и цела Македонија сè уште ја чувствуваат болката од трагедијата што ја потресе нашата држава, Владата останува посветена на тоа никој да не биде оставен сам.
Фото: Маја Јаневска Илиева Повредените во трагедијата во Кочани и нивните семејства од понеделник на директна телефонска линија – 070 355 526 што ја отвора Владата ќе можат да ги изнесат своите барања и потреби.
Портпаролката на Владата Марија Митева денес, во рамките на форумот „Кочани е наш приоритет“, изјави дека лица од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски се во постојана комуникација со семејствата на оние кои ги загубија своите роднини во трагедијата во Кочани.