Според добиените податоци, во земјава денес (до 18.30 часот) се евидентирани вкупно 21 пожар на отворен простор, информираат од ЦУК.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планините Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), во Општина Чучер Сандево – кај Делеководите (шума), во Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид (мешана шума), во Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума), во Општина Теарце – с. Теарце (ниска вегетација) и во Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума – прнар и сува трева). Под контрола се пожарите во Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани, место викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација), Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева), Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева) и во Општина Македонски Брод – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација). Според ЦУК, изгаснати се пожарите во Општина Битола – с. Ново Лагово (ниска вегетација), Општина Демир Капија – кај тунелите на автопатот Е-75 (ниска вегетација), Општина Дебар – с. Рајчица (нискостеблеста шума), Општина Боговиње – с. Пирок (ниска вегетација), Општина Новаци – с. Српци и с. Могила (ниска вегетација), Општина Куманово – нас.