1 (108) ■ вести > македонија > политика ■ 22-May 07:36 -> 24-May 20:56
.
.
.
.

Филипче: Владата воведе данок на иднината, а под хипотека се неколку идни генерации

  • Филипче од Желино: Дали се однапред договорени фирмите блиски до власта кои ќе работат на проектите од заемот?

  • Филипче: Конструктивни сме кога е во интерес државата, в понеделник ќе понудам конкретни точки за лидерска средба

  • (Видео) Филипче: Со новото задолжување од 6 милијарди евра јавниот долг ќе надмине 115% од БДП

Логични и легитимни се нашите прашања за Договорот со Велика Британиј, ниту ние ниту јавноста не знае ништо за тој договор, ниту кој е рокот, ниту колкава ќе биде каматата, изјави денеска од Охрид претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.„Министерката за финансии нема одговор на овие прашања.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ тргна по еден пат кој што не знаеме каде не води, со економски политики кои, како што предупредуваат експертите, не водат во амбис, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот состанок со општинската организација во Желино.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека во понеделник, на Националниот совет за евроинтеграции со кој претседава во Собранието, ќе предложи конкретна агенда составена од најважните точки поврзани со реформскиот пат и националните интереси, за кои најголемите политички партии треба да разговараат на лидерска средба.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни предупредувања за нетранспарентноста на Договорот за новото задолжување од 6 милијарди евра, кое го спроведува владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

2 (113) ■ спорт > фудбал ■ 22-May 06:40 -> 24-May 20:36
.
.
.
.

Ретко го гледаме во вакво издание: Говорот на Анчелоти го расплака Перез (ВИДЕО)

  • Модриќ по 13 години го напушта Реал Мадрид

  • Навивачите на Реал Мадрид подготвија спектакуларна кореографија во чест на Модриќ и Анчелоти (ФОТО)

  • 🎥 РЕАЛ НАПИША САМО ЕДЕН ЗБОР ПО ЗАМИНУВАЊЕТО НА МОДРИЌ: Мадридскиот клуб објави видео кое зборува повеќе од милион зборови!

Освен Лука Модриќ денешниот натпревар на Реал Мадрид беше последен и за Карло Анчелоти на клупата, Италијанецот како што е познато ќе ја продолжи кариерата како селектор на Бразил.

Реал Мадрид и официјално потврди дека Лука Модриќ по цели 13 години минати во клубот си заминува.

Реал Мадрид денеска од 16:15 часот игра против Реал Сосиедад, а овој натпревар е последен за Карло Анчелоти и Лука Модриќ.

По објавата на Лука Модриќ дека во сабота ќе го одигра својот последен натпревар за Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Сосиедад, клубот реагираше на начин што го трогна целиот фудбалски свет.

6 (65) ■ вести > македонија > политика ■ 22-May 07:45 -> 24-May 21:00
.
.
.
.

Калас: Важно е Македонија да остане на европскиот пат

  • Мицкоски: Ние сме проевропски ориентирани и сакаме добри односи со сите соседи, но нема да дозволиме ултиматуми

  • Мицкоски: Ние сме подготвени, Европа може да смета на нас, а сега е време и ние да почнеме да сметаме на Европа

  • Мицкоски: Верувам во европскиот сон, но тој мора да биде достапен за сите

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас, по посетата на Скопје, порача дека Македонија припаѓа во европското семејство и оти е неопходно да продолжи напред по патот кон Европската Унија.

Во изјава за медимите дадена денеска од Желино, Мицкоски рече дека како држава ќе продолжиме да се однесуваме проевропски и дека Владата нема дилеми дека треба да гради добри односи со сите соседи, вклучително и со Бугарија, но дека нема да дозволи ултиматуми.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, потенцира дека нашата определба е јасна, земјата припаѓа на ЕУ, за што досега вложила голем труд и направила многу жртви, но напомена дека таа определба треба да биде возвратена.

Поголема правичност, доследност и лидерство од Европската Унија побара денеска премиерот Христијан Мицкоски заедничката прес-конференција со високата претставничка на ЕУ за надворешните работи и безбедносна политика, Каја Калас.

8 (22) ■ вести > македонија ■ 22-May 11:28 -> 24-May 17:08
.
.
.
.

Мицкоски: Кирил и Методиј ни го оставија најголемиот подарок - писмото, словото, гласот на нашиот идентитет

  • Македонија го чествува Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј

  • Одбележување на Свети Кирил и Методиј

Чествување на браќата Кирил и Методиј кои се темелот на писменоста на словенските народи и основачи на словенската азбука Глаголица по која се создаде и кирилското писмо, е доказ дека нивната благородна мисија и ден денес обединува.

Со повеќе настани денеска во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети.

9 (32) ■ вести > македонија > политика ■ 23-May 14:44 -> 24-May 23:21
.
.
.
.

Симон Трпчевски го изведе „Македонисимо“ во Рим по повод „Свети Кирил и Методиј“

  • ДРЖАВНА ДЕЛЕГАЦИЈА ПРИСТИГНА ВО РИМ, положено цвеќе на гробот на Свети Кирил во Ватикан

  • Република Македонија во Рим го одбележува денот на Свети Кирил и Методиј

  • Силјановска - Давкова положи венец пред спомен плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим

На прославата по повод Денот на сесловенските просветители, во рамките на настанот „Македонија во чест на Свети Кирил“, вечерва во Рим беше одржан концертот „Македонисимо“ на Симон Трпчевски.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска и утре (23 и 24 мај) престојува во Рим, Италија, како дел од државно-црковната делегација предводена од претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова.

Делегацијата денеска присуствуваше на молебенот во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, со кој чиноначалствуваа владиците Јосиф и Јаков, заедно со претставници од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Фото: Претседател Претседателката Гордана Силјановска Давкова и државно-црковната делегацијата кои се во посета на Рим и Ватикан по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, денеска положија венец цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј која се наоѓа во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

10 (48) ■ вести > македонија > хроника ■ 22-May 10:36 -> 24-May 15:00
.
.
.
.

Обвинителството поднесе жалба барајќи ефективен притвор за поранешните директори на Онкологија

  • Обвинителството незадоволно од одлуката за куќен притвор за Нино Васев и Нехат Нухи за Онкологија, поднесе жалба

  • Поднесени се две обвиненија за случајот „Онкологија“- Нино Васев и уште тројца лекари давале терапија на пациентите, а знаеле дека нема да имаат никаква корист

  • Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи

Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка „куќен притвор“ за двајцата поранешни директори обвинети во предметот „Онкологија”.

Скопското обвинителство вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и на организациски директор Нехат Нухи, во предметот „Онкологија”.

Јавното обвинителство денеска на прес-конференција откри шокантни информации околу истрагата за случајот „Онкологија“.Медицинскиот директор е обвинет за незаконска набавка на лекови од Фондот за здравствено осигурување, а за третманот пациенти опфатени се четири лекари онколози, меѓу кои и поранешен директор на Онкологија.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд им определи мерка „куќен притвор“ на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и на организациски директор Нехат Нухи.

13 (52) ■ вести > македонија ■ 22-May 20:09 -> 24-May 18:30
.
.
.
.

ИЈЗ: Немаат симптоми лицата со кои биле во контакт заразените со мајмунски симапници

  • ИЈЗ отвора телефонски линии за информирање за Mpox: Позитивните во добра состојба, нема нови случаи

  • Потврдени два случаи на мајмунски сипаници, прв пат во нашата држава

  • ИЈЗ: Лабораториски потврдени два случаи на мајмунски сипаници во нашата држава

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека епидемиолози искомуницирале со контактите на позитивните лица со Mpox (мајмунски сипаници) и истите посочиле дека немаат никакви симптоми на ова заболување.„Позитивните лица се во добра состојба.

Институтот за јавно здравје, конкретно епидемиолози од ИЈЗ, исконтактираа со контактите на позитивните лица со Mpox кои тие ги посочија и истите немаат никакви симптоми на заболување.

Институт за јавно здравје информира дека денеска за прв пат во нашата држава лабораториски се потврдени два случаи на Monkeypox – Мајмунски сипаници.

Институт за јавно здравје информира дека денеска за прв пат во нашата држава лабораториски се потврдени два случаи на Monkeypox – Мајмунски сипаници.

Повеќе од
оваа категорија

4 (69) ■ спорт > балкан ■ 22-May 06:45 -> 24-May 22:50
.
.
.
.

ЃОКОВИЌ ГО ОСВОИ СВОЈОТ 100-ТИ ТРОФЕЈ СО АС ВО ТРЕТИОТ СЕТ Новак е прв тенисер со титули во 20 различни сезони

  • Ѓоковиќ со мали проблеми се пласира во 143-то финале во кариерата

  • Ноле против Хуркач за стотта титула во кариерата

  • Ѓоковиќ со победа над Арналди го прослави 38. роденден

Легендарниот тенисер Новак Ѓоковиќ конечно го освои својот 100-ти трофеј во сингл, откако со пресврт го совлада Хуберт Хуркач со 5-7, 7-6 (2), 7-6 (2) по повеќе од 3 часа борба, станувајќи шампион на Женевскиот опен во саботата, објави Хиндустан тајмс.

Новак Ѓоковиќ избори пласман во своето 143-то финале на АТП турнирите и во сабота ќе игра против Хуберт Хуркач за својата 100-та титула.

Србинот Новак Ѓоковиќ стана финалист на турнирот во Женева.

Новак Ѓоковиќ со победа над Матео Арналди го прослави 38. роденден.

Повеќе од
оваа категорија

113 (18) ■ бизнис > економија > политика ■ 22-May 05:02 -> 23-May 08:45
.
.
.
.

Почнати се подготовките на ребалансот, од вчера пуштени барањата до институциите за податоци за капиталните инвестиции

  • Германски бизнисмени во Стопанската комора: Во време на несигурност, стопанската соработка е исклучително важна

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска информира дека почнале подготовките на ребалансот на Буџетот, како и дека од вчера се пуштени барањата до институциите за доставување податоци за капиталните инвестиции.

Делегација на германската Бизнис асоцијација предводена од членот на Управниот одбор на Асоцијацијата Кристоф Бек, денеска, беше во посета на Стопанската комора на Северна Македонија каде остварија средба со претседателот на Комората Бранко Азески и тим од македонски бизнисмени.

193 (5) ■ бизнис > македонија ■ 23-May 11:22 -> 23-May 14:39
.
.
.
.

Божиновска: Потребна е координирана акција во борбата со аерозадувањето и систем кој нема да дозволи злоупотреби

  • Божиновска: Владата за зелена иднина

Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска на надзорната расправа за аерозагадувањето, што се одржува во Собранието, истакна дека Министерството е свесно за влијанието на традиционалните енергетски капацитети, но дека проблемот со загадувањето треба да се бара и во злоупотребата на системот односно користењето на штетни горива од сомнително потекло за лична и имотна корист.

На денешната надзорна расправа во Собранието на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“ се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Сања Божиновска.

310 (5) ■ магазин ■ 22-May 11:45 -> 24-May 10:30
.
.
.
.

Игор Ефтимовски, докторанд по археологија: „Новите анализи даваат дополнителна тежина на широко прифатеното толкување од пред 45 години дека Филип Втори е погребан во гробницата број 2 во Кутлеш“

  • Брои ситно до породување: Сопругата на Филип Пецовски е прекрасна трудница

Игор Ефтимовски, докторанд по археологија: „Новите анализи даваат дополнителна тежина на широко прифатеното толкување од пред 45 години дека Филип Втори е погребан во гробницата број 2 во Кутлеш“ Жанета Здравковска Ивана Кузманоска Без разлика на тоа што новата анализа покажа дека човечките останки пронајдени во Гробницата на Персефона, односно во гробот број 1 од Големата гробница во Кутлеш, денешна Северна Грција, не се на Филип II, сепак останува фактот дека овие гробници се вбројуваат меѓу најзначајните археолошки откритија од античка Македонија и воопшто на античкиот период, вели м-р Игор Ефтимовски, докторанд по археологија.

Марија Станковска сопругата на македонскиот учесник на најгледаното регионално музичко натпреварување – „Ѕвездите на Гранд“, Филип Пецовски е во блажена состојба.

325 (5) ■ сцена > култура ■ 22-May 07:52 -> 22-May 11:56
.
.
.
.

Заврши второто издание на Деновите на поезијата - Културната разновидност не претставува закана, туку збогатување

  • Сотирис Минас во Скопје: Македонската поезија заслужува да се слушне зашто ја носи душата на еден народ

„Љубовта кон македонскиот јазик се роди од потребата да се поврзам суштински со луѓе кои беа потиснувани само затоа што го зборуваа својот јазик“, изјави Сотирис Минас, кој дојде од Атина специјално за настанот „Македонско-грчки поетски координати“ во рамките на второто издание на Деновите на поезијата кои, во организација на фондацијата Ацо Шопов – завршија вчера во книжарницата Литаратура.мк во Скопје Сити Мол.

„Љубовта кон македонскиот јазик се роди од потребата да се поврзам суштински со луѓе кои беа потиснувани само затоа што го зборуваа својот јазик“, изјави Сотирис Минас, кој дојде од Атина специјално за настанот „Македонско-грчки поетски координати“ во рамките на второто издание на Деновите на поезијата кои, во организација на фондацијата Ацо Шопов – завршија синоќа во книжарницата Литаратура.мк во Скопје Сити Мол.