Првата Антикорупционерка останува недостапна за прашањата на медиумите дали ќе си поднесе оставка по сомнежот за нејзина вмешаност во случајот „Адитив“.
Ова фрла дамка на институцијата и се надевам дека останатите членови на ДКСК, кои не се никако засегнати од овој случај, ќе успеат да излезат од таквата ситуација, изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски коментирајќи ги случувањата во Антикорупциската комисија откако Обвинителството завчера ја осомничи претседателката на Комисијата, Татјана Димитровска, за оддавање службени тајни во случајот „Адитив“ и ѝ забрани контакт со предмети на ДКСК.
Државната комисија за спречување на корупцијата ја уверува јавноста, партнерите и меѓународната заедница дека институцијата останува целосно доследна на почитувањето на принципите на интегритет, транспарентност и владеење на правото.