Тимот на Атланта беше деветти во својата конференција, во регуларниот дел од сезоната имаше 34 бода помалку од Интер Мајами, но рано утрово одигра одличен меч, успевајќи на гостински терен да ги шокира Меси и соиграчите со победа од 2-3. Интер Мајами цел натпревар се мачеше, но кога Меси постигна гол со глава за 2-2 се чинеше дека фаворитот сепак ќе најде начин да стигне до победата.