Политиките кои ги креира Владата, а се однесуваат на работниците во Македонија се погрешни.
Нападите кон Сојузот на синдикатите на Македонија нема да го запрат синдикатот во барањата за повисоки плати и подобрување на животниот стандард на работниците – порача денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов потсетувајќи за утрешната јавна седница на Советот, претседателството и надзорниот одбор на ССМ која ќе се одржи во 12.05 пред Собранието, Стопанската Комора и Владата.
Сојузот на синдикатите на Македонија в среда ќе одржи јавна седница на органите и телата на ССМ и органите и телата на синдикатите здружени во ССМ, која ќе почне од пред Работнички дом во 12:05 часот.
„Синдикалците на батерии, на чело со Трендафилов, земаат над милион денари годишно во вид на плати и додатоци.