На 11 март, денот на раѓањето на мајката на сите македонски писателки – Оливера Николова, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја востанови наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади. Kanal5
„Ова е конкурс за необјавен роман кој што ќе ја збогати продукцијата во Македонија воопшто, а при тоа наградениот роман и романите кои ќе учествуваат на овој конкурс ќе имаат поширока рецепција“, вели Оливера Ќорвезироска, уредничка и писателка.
Воедно право на учество на конкурсот имаат сите полнолетни лица кои ќе пратат необјавен ракопис – роман за деца и млади, напишан на македонски јазик и со кирилско писмо. Telma