Според информацијата од СВР Струмица, настанот бил пријавен во Полициската станица во Гевгелија.
Б.Б. бил пренесен во болницата во Гевгелија, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што починал, стои во полициската информација. Kanal5
Млад градежен работник загинал денеска при извршување градежни работи во Гевгелија Градежниот работник Б.Б. (21) од село Орашац, кумановско, починал откако паднал од зграда во изградба на булевар „Гевгелија“ во истоимениот град, соопштија од полицијата. Sitel
МВР информира дека денеска во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека при извршување градежни работи на зграда во изградба на булевар „Гевгелија“ во Гевгелија, Б.Б.(21) од село Орашац, Кумановско, паднал и се здобил со тешки телесни повреди. A1on
Дваесет и едногодишен жител на кумановското село Орашац починал денеска во Клиничкиот центар во Скопје од тешки повреди по пад од зграда во изградба во Гевгелија. Press24
Трагедија се случи денеска во Гевгелија откако животот го загуби 21-годишно момче од село Орашац, куманово откако паднал од зграда во изградба на булевар „Гевгелија“ во истоимениот град.
Според информацијата од СВР Струмица, настанот бил пријавен во Полициската станица во Гевгелија. Skopjeinfo