Американскиот државен секретар Марко Рубио за новинарите по средбата со украинската делегација во Џеда, Саудиска Арабија изјави дека Украина е подготвена за прекин на огнот и почеток на преговорите и ја повтори надежта дека Русија ќе се согласи на прекин на огнот.
Соединетите Американски Држави „веднаш ќе ја укинат суспензијата во размената на разузнавачки информации и ќе ја обноват безбедносната помош за Украина“, се вели во заедничката изјава на САД и Украина, објавена од американскиот Стејт департмент.