1 (10) ■ вести > свет ■ 10-Mar 20:55 -> 11-Mar 20:22
.
.
.
.

САД: Украинците прифатија прекин на огнот, топката сега е кај Русија

  • Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот

Американскиот државен секретар Марко Рубио за новинарите по средбата со украинската делегација во Џеда, Саудиска Арабија изјави дека Украина е подготвена за прекин на огнот и почеток на преговорите и ја повтори надежта дека Русија ќе се согласи на прекин на огнот.

Соединетите Американски Држави „веднаш ќе ја укинат суспензијата во размената на разузнавачки информации и ќе ја обноват безбедносната помош за Украина“, се вели во заедничката изјава на САД и Украина, објавена од американскиот Стејт департмент.

2 (6) ■ бизнис > економија ■ 11-Mar 18:50 -> 11-Mar 19:48
.
.
.
.

БОЖИНОВСКА: Чешка е подготвена да поддржи инвестиции во македонската енергетика

  • ДОГОВОРЕНА БРЗА ЕНЕРГЕТСКА СОРАБОТКА Чешки компании ќе вложат милиони во енергетски проекти

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Прага одржала работен состанок со директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки и со директорот за нови енергетски технологии Јан Прашил.

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Прага одржа работен состанок со директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки, и директорот за нови онологии, Јан Прашил.

3 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 11-Mar 07:43 -> 11-Mar 18:29
.
.
.
.

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми, а претходно и на Дамева

  • Чачарова – Илиевска: Интерпелација на член на Судски совет е недозволен и противуставен акт

  • Пред пратениците петте интерпелации на членовите на Судскиот совет

Собранието попладнево во рамки на 40. седница изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска и Селим Адеми, а претходно и на Весна Дамева.

Интерпелацијата против петте членови на Судскиот совет, кои што ги избира Собранието е недозволена.

Собранието денеска треба да ја одржи 40. седница, на чиј дневен ред се петте интерпелации за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието – Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Селим Адеми.

5 (28) ■ вести > свет ■ 09-Mar 11:35 -> 11-Mar 19:48
.
.
.
.

Трамп им врати на Канада: Ќе вратиме се на 2 април, не ни требаат вашите производи

  • Онтарио ја зголемува цената на струјата за Американците, им се заканува со исклучување

  • Трамп: Царините за канадскиот челик и алуминиум ќе бидат 50 проценти

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп повторно ги критикуваше канадските власти и порача дека Америка наскоро ќе покаже дека не им требаат канадски производи.

Канадската покраина Онтарио објави дека веднаш ја зголемува цената на електричната енергија за 25 проценти за американските домаќинства, како одговор на царините што неодамна ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.

Претседателот на САД, Доналд Трамп објави дека двојно ќе ги зголеми царините за канадскиот челик и алуминиум од 25 на 50 проценти.

6 (22) ■ вести > македонија ■ 10-Mar 08:10 -> 11-Mar 16:33
.
.
.
.

Таравари: Нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“

  • Ништо од бизнисот со Ѓока Констракшн- Таравари го поништи огласот за катните гаражи на Клинички

  • Тендерот за катни гаражи на Клинички центар пред да се потпише треба да помине на Влада, вели Таравари

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска прес-конференција соопшти дека нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“, фирмата од Албанија која требаше да стопанисува со паркингот на Клинички центар.

Министерот за здравство Арбен Таравари го поништи огласот за катните гаражи на кои се пријави само фирмата Ѓока Констракшн од Албанија.

Тендерот за изградба на катни гаражи на Клинички центар ги помина сите процедури, но се уште не е потпишан договорот со изведувачот, оти треба прво да помине на Влада, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

7 (27) ■ вести > македонија > политика ■ 09-Mar 13:44 -> 11-Mar 12:43
.
.
.
.

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ се служат со лажни напади за да ја избегнат одговорноста за повисоки плати

  • (ВИДЕО) Филипче: Реформската агенда е закопана во место, ниту еден закон не е влезен во собраниска процедура

  • ВМРО-ДПМНЕ: Владата не може да го објави договорот, договор за паркингот на Клинички не постои

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче преку својот Фејсбук профил се обрати до граѓаните и работниците.

Реформската агенда е закопана во место и ништо не се помрднува, истакна прeтседателот на СДСМ и претседавач на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Република Северна Македонија, Венко Филипче, на денешната седница на советот.

Владата не може да го објави договорот од едноставна причина бидејќи договорот за паркингот на Клинички не постои.

8 (23) ■ вести > свет ■ 09-Mar 17:06 -> 11-Mar 15:45
.
.
.
.

Фон дер Лајен: Времето на илузии заврши, Европа е повикана да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана

  • Фон дер Лајен: Ќе се сретнам со Трамп кога ќе биде вистинското време

  • Фон дер Лајен: Ќе го свикам првиот Колеџ за безбедност, ќе се сретнам со Трамп кога ќе биде вистинскиот момент

Европа денес се соочува со истата задача како и пред 70 години, со потребата за изградба на заедничка одбрана насочена кон одвраќање на каков било напад однадвор, затоа што мирот во Европската Унија повеќе не може да се зема здраво за готово, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред Европскиот парламент на дебатата посветена на зајакнувањето на европската одбранбена архитектура и поддршката за Украина.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп „кога ќе биде вистинското време“ и најави дека во наредните недели ќе го свика првиот Колеџ за безбедност, кој ќе го сочинуваат сите членови на Европската комисија, со цел редовно да добиваат информации за безбедносните случувања.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп „кога ќе биде вистинското време“ и најави дека во наредните недели ќе го свика првиот Колеџ за безбедност, кој ќе го сочинуваат сите членови на Европската комисија, со цел редовно да добиваат информации за безбедносните случувања.

10 (23) ■ вести > македонија > политика ■ 10-Mar 19:19 -> 11-Mar 16:33
.
.
.
.

Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката во енергетиката и економијата

  • Сиљановска Давкова – Алијев, иницијатива за декларација за стратешко партнерство со Азербејџан за соработка во енергетиката и економијата

  • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот Алијев во рамки на официјалната посета на Азербејџан

Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката преку декларација за стратешко партнерстство и пријателство првенствено со фокус на енергетиката и економијата, а се иницира и укинување на визи за дипломатски и службени пасоши.

Северна Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката преку декларација за стратешко партнерстство и пријателство првенствено со фокус на енергетиката и економијата, а се иницира и укинување на визи за дипломатски и службени пасоши.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Република Азербејџан, денеска во Баку оствари тет-а-тет средба со претседателот на државата, Илхам Алијев, а беше одржан и пленарен состанок на двете делегации.

11 (25) ■ вести > свет > регион ■ 11-Mar 00:58 -> 11-Mar 18:26
.
.
.
.

Новинарка од РТС се извини поради контроверзниот термин „толпа“

  • Србија: Студенти ги блокираа влезовите на РТС и РТВ, полицијата е распоредена во двете згради

  • Студентите ја блокираат и телевизија Војводина, наместо информативна програма се емитува филм

Новинарката и уредничка на Радио-телевизија Србија (РТС), Бојана Млаѓеновиќ, се извини откако студенти во Белград ја блокираа зградата на јавниот сервис, реагирајќи на тоа што таа ги нарече „толпа“ (руља) за време на вчерашниот разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Стотици демонстранти од доцна синоќа почнаа со блокада на јавниот сервис на Србија во Белград, протестирајќи против начинот на кој беше дефинирано студентското движење против корупцијата за време на телевизиска програма.

Радио Телевизијата на Војводина (РТВ) нема да ја емитува својата редовна програма поради, како што соопштија, студентска блокада на влезот на објектот во Нови Сад, што се случи истовремено со протестите пред седиштето на Радио телевизија на Србија (РТС) во Белград.

14 (13) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 11-Mar 13:00 -> 11-Mar 14:14
.
.
.
.

(ВИДЕО) Кривични за Капушевски и Јахоски за злоупотреба на службена положба и перење пари, вкупно уапсени се 11 лица

  • МВР со детали за вчерашната полициска акција: Лишени од слобода 11 лица

МВР информира дека вчера спроведена е полициска акција од страна на Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО за ГОКК, при што врз основа на обезбедени наредби од Основен кривичен суд извршени се претреси на повеќе локации на подрачје на Скопје, Битола и Кичево, кај правни и физички лица, во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати.

Вчера спроведена е полициска акција од страна на Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО за ГОКК, при што врз основа на обезбедени наредби од Основен кривичен суд извршени се претреси на повеќе локации на подрачје на Скопје, Битола и Кичево, кај правни и физички лица, во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

32 (4) ■ бизнис > економија ■ 11-Mar 16:51 -> 11-Mar 18:34
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: Фискална консолидација и постигнување на фискалните правила приоритет на МФ, Буџетот во 2025 е во функција на развојот

  • Димитриеска-Кочоска: Буџетот во 2025 е во функција на развојот

Министерството за финансии силно опстојува на напорите за фискална консолидација која е дефинирана со Фискалната стратегија 2025-2029.

Во 2024 година реализиравме буџетски дефицит понизок од проектираниот со ребалансот на Буџетот за 2,5 милијарди денари, односно ниво од 4,4% од БДП наместо проектираниот од 4,9%. Јавниот долг на крајот на 2024 беше понизок од проектираниот и годината ја завршивме со јавен долг на ниво од 61,9% од БДП, а веќе од јануари 2025 година тој е под 60% од БДП, односно 58,4% од БДП по успешно реализираната отплата на Еврообврзницата издадена во 2018 година.

63 (4) ■ бизнис > економија ■ 11-Mar 14:00 -> 11-Mar 14:24
.
.
.
.

Бошков: Со дијалог можеме да постигнеме зголемени плати за сите работници

  • Бошков: Со дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите треба да се дојде до решение за минималната плата

За секој сектор во секоја дејност се надеваме дека работниците и синдикатите ќе препознаат дека треба да се органзираат како би можеле да имаме колективно преговарање во кое ќе биде опфатена и минималната плата, порача претедателот на бизнис конфедерацијата на Северна Македонија Миле Бошков на денешната прес – конференција по повод започнувањето на иницијатива за подигнување на јавната свест за трудовата експлоатација.

Претедателот на бизнис конфедерацијата на Северна Македонија Миле Бошков на денешната прес - конференција по повод започнувањето на иницијатива за подигнување на јавната свест за трудовата експлоатација кажа дека се надева дека работниците и синдикатите ќе препознаат дека треба да се органзираат како би можеле да имаме колективно преговарање во кое ќе биде опфатена и минималната плата.

211 (4) ■ бизнис > економија ■ 10-Mar 09:54 -> 10-Mar 11:03
.
.
.
.

Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан, вели професорката Кикеркова

  • Проф. д-р Ирена Кикеркова во „Бизнис-клуб“: Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан

Македонија е предводник меѓу балканските земји, па еден дел од проблемите во царинската соработка потекнува од тоа што нивото на дигитализација на царинското работење во Македонија е повисоко од она на земјите од Западен Балкан, па има проблем во поврзувањето со нив.

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ на Стопанската комора на Северна Македонија, гости кај претседателот Бранко Азески беа проф. д-р Ирена Кикеркова од Економскиот факултет при УКИМ Скопје и советникот на претседателот на Стопанската комора и претседател на Клубот на извозници при Стопанската комора, проф. д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет при УГД Штип, кои се осврнаа на почетоците на соработката со Стопанската комора и на соработката со претседателот Азески, кој ги вклучил во активностите на Комората користејќи ги нивните методолошки и научни знаења и искуства за состојбите во економијата, ставајќи ги во функција на бизнисот и на поддршката на нивните извозни активности.