1 (21) ■ вести > свет ■ 28-Apr 08:12 -> 29-Apr 10:16
.
.
.
.

Лидерот на канадските конзервативци го призна поразот и му ја честиташе победата на премиерот Карни

  • Либералите на Карни победија на изборите во Канада

  • Канада гласа на клучни избори, трансформирани од Трамп

Лидерот на опозициската Конзервативна партија на Канада, Пјер Пољевер, го призна поразот на вчерашните предвремени парламентарни избори и му ја честиташе победата на премиерот Марк Карни, лидерот на Либералната партија, пренесоа агенциите.

Либералната партија на Марк Карни победи на канадските избори и ќе ја формира следната влада.

Канаѓаните денеска ќе го дадат својот глас на клучните избори кои се целосно трансформирани од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

3 (5) ■ вести > македонија ■ 29-Apr 09:25 -> 29-Apr 09:54
.
.
.

Мицкоски повторно патува, два дена ќе биде на партиски конгрес во Валенсија

  • Мицкоски на дводневен Конгрес на Европската народна партија во Валенсија

Премиерот Христијан Мицкоски,министерот за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за дигитализација Стефан Андоновски денес и утре во Валенсија, Шпанија, ќе присуствуваат на Конгресот на Европската Народна Партија (ЕПП), каде што членува и ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска и утре, со партиска делегација составена од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски, како и преставници на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ предводени од претседателката Жаклина Пешевска и преставници на Унијата на млади сили ќе присуствуваат на дводневниот Конгрес на Eвропската Народна Партија (ЕПП) во Валенсија, Шпанија.

7 (4) ■ вести > македонија ■ 29-Apr 09:16 -> 29-Apr 09:44
.
.
.
.

▷ Сиљановска-Давкова: Уставниот суд е најнереформираниот државен орган

  • Силјановска-Давкова: Уставниот суд е најнереформираниот државен орган

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на тркалезната маса насловена како: „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“, организирана од Уставниот суд и ЕУ. Во воведниот дел на тркалезната маса говореа претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, амбасадорот на ЕУ, Михаил Рокас, амбасадорката на Германија, Петра Дреклер и амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова се обрати на тркалезната маса насловена како: „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“, организирана од Уставниот суд и ЕУ. Во воведниот дел на тркалезната маса говореа претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, амбасадорот на ЕУ, Михаил Рокас, амбасадорката на Германија, Петра Дреклер и амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

9 (4) ■ вести > свет ■ 29-Apr 08:55 -> 29-Apr 10:10
.
.
.
.

Администрацијата на Трамп ги ублажува царините за автомобилски делови

  • Трамповата администрација ги намалува царините за автоделови

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да го намали влијанието на царините врз автомобилската индустрија, олеснувајќи дел од давачките за странски автомобилски делови што се користат во домашното производство и спречувајќи двојно оданочување на веќе постоечките царини за увезени автомобили.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука да го ублажи ефектот на тарифите врз автомобилскиот сектор, намалувајќи некои од давачките за компоненти од странство што се употребуваат во локалното производство и избегнувајќи двојно оданочување на веќе постоечките даноци за увезени возила.

12 (42) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 28-Apr 07:00 -> 28-Apr 18:25
.
.
.
.

Во Кривичен заврши сведочењето на Палевски, според него мотивот за убиството е нелогичен и недокажан

  • Палевски негира насилни кривични дела, според него процесот е политички прогон

  • Ново судско рочиште за убиствата на Вања и Панче – Палевски ќе одговора на прашања од Обвинителство

  • Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, Палевски ќе одговора на прашања од Обвинителството

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска заврши сведочењето на обвинетиот Љупчо Палевски во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

На денешното рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Кривичниот суд во Скопје, обвинетиот Љупчо Палевски одговараше на вкрстени прашања од Јавното обвинителство.

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во 10 часот во Основен Кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во 10 часот во Основен Кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.

13 (26) ■ вести > македонија ■ 28-Apr 12:46 -> 29-Apr 09:23
.
.
.
.

Експертите очекуваат оставка од претседателката на Антикорупциска

  • ДКСК уверува дека постапките за утврдување индивидуална одговорност не ја поткопуваат институцијата

  • Ивановска: Претседателката на ДКСК мора под итно да си поднесе оставка за да може институцијата слободно да се чисти

Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска која е осомничена за оддавање службена тајна на друг осомничен во случајот „Адитив“ нема поднесено оставка, а според мислењето на дел од поранешните членови на оваа Комисија, тоа е неопходно да го стори.

Државната комисија за спречување на корупцијата ја уверува јавноста, партнерите и меѓународната заедница дека институцијата останува целосно доследна на почитувањето на принципите на интегритет, транспарентност и владеење на правото.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) мора најитно да си поднесе оставка, затоа што на овој начин сè уште ја инфицира институцијата.

14 (23) ■ вести > македонија ■ 28-Apr 07:05 -> 28-Apr 16:02
.
.
.
.

Мисајловски и Лафчиски положија свежо цвеќе во спомен на загинатите припадници кај Вејце

  • Делегација на Достоинство, предводена од Ангелов положи цвеќе во спомен на загинатите бранители во Вејце

  • 24 години од масакрот кај Вејце

Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводени од министерот Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски, положија венци со свежо цвеќе пред спомен обележјето на загинатите припадници кои ги загубија своите животи кај месноста Вејце, во одбрана на татковината, се вели во Фејсбук статусот на министерството за одбрана. постар водник Роберт Петковски, водник Бобан Трајковски, водник Миле Јаневски и водник Игор Костески.

Делегација на Достоинство, на местото на кое на денешен ден во 2001 година беа убиени и масакрирани осуммина македонски бранители, положи букет свежо цвеќе и запали осум свеќи во чест и помен на нашите загинати браќа по оружје, објави на Фејсбук, Стојанче Ангелов, кој е и директор на Центарот за управување со кризи.

Пред 24 години, на 28 април 2001 година за време на воениот конфликт во земјата се случи масакрот на осумте припадници на македонските безбедносни сили помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Брезовица.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

82 (6) ■ бизнис > македонија ■ 28-Apr 09:12 -> 29-Apr 10:03
.
.
.
.

Божиновска од Атина: Балканот мора да гради заедничка енергетска иднина

  • Божиновска и Бислимоски ќе учествуваат на Енергетски самит во Атина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес учествуваше на 9. Балкански Енергетски Самит што се одржува во Атина, под покровителство на Министерството за животна средина и енергија на Грција, Министерството за енергетика на Унгарија и Регулаторната комисија за енергетика на Македонија.

На 29 и 30 април во Атина Грција ќе се одржи 9тиот Балкански Енергетски Самит на кој ќе учествуваат Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини и Марко Бислимоски, претседателот Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Министерската Божиновска ќе биде дел од министерскиот панел, со кој и официјално ќе се отвори дводневниот настан.

93 (5) ■ сцена > култура ■ 27-Apr 12:15 -> 29-Apr 08:34
.
.
.
.

„Златен објектив“ за 2025 за доајенот Петар Богоевски

  • „Златен објектив“ на Кинотеката годинава за светло-мајсторот Петар Богоевски

Наградата „Златен објектив“ за 2025 година денеска ќе му биде доделена на светло-мајсторот Петар Богоевски (1952). Ова признание Кинотеката го доделува на филмски автори и културни работници кои преку својот професионален ангажман придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.

Наградата „Златен објектив“ која Кинотеката им ја доделува на филмски автори и културни работници кои придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија, оваа година ќе му припадне на светло-мајсторот Петар Богоевски (1952). Управниот одбор на Кинотеката ја донел оваа одлуката заради деценискиот ангажман на Богоевски кој „работејќи со своите колеги – директори на фотографија и камермани, придонел во визуелизацијата на режисерските замисли“.