1 (17) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Mar 17:48 -> 14-Mar 21:58
.
.
.
.

ВМРО-ДПМНЕ: Ја поздравуваме одлуката за определување на притвор на Асмир Јахоски, Пуцко Петрол – Ова е победа на правдата

  • Кривичниот суд ја преиначи одлуката, Асмир Јахоски оди во притвор

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Кривичниот суд за определување на притвор на Асмир Јахоски, Пуцко Петрол.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, изјавена против решение на судија на претходна постапка против А.Ј., а поврзано со истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ Неготино, по одржана јавна седница како и ценење на наводите во жалбата и одговорот на жалба донесе решение со кое мерката куќен притвор, определена со решение на судија на претходна постапка се преиначува и се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165. ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека истиот може да ја попречи истрагата со влијание врз сведоци.

2 (30) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Mar 08:18 -> 14-Mar 18:51
.
.
.
.

СДСМ најави кривична пријава против пратеничката Салиу-Фетаи

  • Собраниската комисија за социјална политика останува блокирана

  • Во Собранието нов обид за одблокирање на работата на Комисијата за социјална политика, демограф

  • Пратеничката на „Влен“, Имрлије Сали-Фетаи ќе претседава со Комисијата за социјална политика

Пратеничката група на СДСМ на прес-конференција најавија дека е поднесат кривична пријава против пратеничката Имрлијe Салиу-Фетаи од „Влен“ за како што кажаа, грубо кршење на Деловникот околку денешното претседавање со собраниската Комисија за социјална политика, млади и демографија.

Собраниската комисија за социјална политика останува блокирана, седницата треба да продолжи по паузата.

Во Собранието денеска ќе има уште еден обид за одблокирање на работата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади и Законодавно-правната комисија,. Во Собранието денеска ќе има уште еден обид за одблокирање на работата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади и Законодавно-правната комисија, на чиј дневен ред има само една точка - Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка.

Пратеничката на „Влен“, Имрлије Сали-Фетаи ќе претседава со денешната седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, на чиј дневен ред има само една точка - Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, потврдија за МИА од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

4 (10) ■ вести > свет > регион ■ 14-Mar 10:00 -> 14-Mar 23:03
.
.
.
.

„СРБИЈА И МАКЕДОНИЈА УШТЕ УТРЕ ДА СЕ ПРИМАТ ВО ЕУ“ Орбан посочи кој треба да влезе во Унијата наместо Украина

  • ОРБАН ГО СМЕНИ СТАВОТ ЗА ОДБРАНАТА НА ЕУ?! Унгарија е подготвена да помогне, но има еден битен услов

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска повика Србија и Македонија „уште утре“ да бидат примени во Европската унија, наспроти иницијативите на Брисел за брзо пристапување на Украина кон Унијата, пренесе „ “. Орбан повтори дека Унгарија е против забрзаниот пристап на Украина во ЕУ бидејќи, според неговите зборови, тоа ќе ја уништи унгарската економија.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека земјата е подготвена да учествува во финансирањето на заедничката европска одбранбена политика, но дека се противи ЕУ да се задолжува за таа цел.

5 (23) ■ вести > македонија > политика ■ 13-Mar 10:24 -> 14-Mar 16:07
.
.
.
.

БУГАРИЈА ЈАСНО ПОКАЖА КОЈ Е КОЧНИЧАР НА КОРИДОРОТ 8 Николоски ги алармираше банките – ќе куртули ли Македонија од плаќање пенали?

  • Бугарија ја стопира модернизацијата на дел од железничките делници во рамки на Коридорот 8

  • Бугарија ја стопираше модернизацијата на пругата кон Македонија

„Со жалење ја примив вчерашната информација, којашто веќе е и официјален документ усвоен од бугарската Влада, со којшто Бугарија одлучи да ги повлече парите кои беа планирани за реконструкција на делот на пругата Софија-Ѓуешево, имајќи предвид дека пруга има, но таа е во очајна состојба и не може да се користи“.

Модернизацијата, односно реконструкцијата на дел од бугарската пруга во рамки на Коридорот 8 беше дел од разговорите на С Македонија и Бугарија со цел постигнување договор за интензивирање на работите за железничкото поврзување меѓу Скопје и Софија Во ек на интензивирани преговори меѓу С Македонија и Бугарија за изградба и модернизација на железничката пруга од Коридорот 8 од македонска и од бугарска страна, владата во Бугарија донесе одлука за одложување на модернизацијата на делниците Софија-Перник и Перник-Радомир, кои се дел од овој коридор.

Во период на затегнати односи помеѓу меѓу Бугарија и Македонија, бугарската влада вчера одлучи да го откаже проектот за модернизација на железничката линија Софија - Радомир - Перник.

6 (60) ■ вести > свет ■ 12-Mar 07:31 -> 14-Mar 22:05
.
.
.
.

Премиерот на Гренланд му порача на Трамп: Доста е!

  • Идниот премиер на Гренланд ги отфрла идеите на Трамп за американско преземање на островот

  • Трамп ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО и со премиерот на Ирска

  • Опозициската партија Демократит победи на изборите во Гренланд

Премиерот на Гренланд во заминување Муте Егеде најави дека ќе свика состанок со лидерите на сите партии за да испратат заеднички и остар одговор на најновите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за анексија на островот.

Веројатниот нов премиер на данската автономна област Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, ја отфрли идејата на американскиот претседател Доналд Трамп за американско преземање на огромниот остров во Арктичкиот круг, велејќи дека Гренланѓаните треба да одлучат за нивната иднина.

Американскиот претседател Доналд Трамп утре во Вашингтон ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти синоќа Белата куќа.

Про-бизнис опозициската партија на Гренланд, Демократит, победи на парламентарните избори во вторникот, поттикнати од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз најголемиот остров во светот, кој е полуавтономна данска територија.

7 (26) ■ вести > свет > регион ■ 12-Mar 06:00 -> 14-Mar 20:48
.
.
.
.

Вучиќ: Подготвен сум да ме соборат од власт

  • Вучиќ за утрешниот студентски протест: Ќе помогнеме во обезбедувањето на собирот, но одговорноста е на организаторите

  • Вучиќ во подкаст кај Трамп помладиот: Србија се соочува со обид за „обоена револуција

Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ се обрати на јавноста во врска со најавата за утрешниот голем протест во Белград организиран од студентите.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека државата ќе преземе мерки за обезбедување на протестот најавен за 15 март во Белград, но истакна дека целосната одговорност ќе биде на организаторите.

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во интервју за подкастот на Доналд Трамп помладиот изјави дека Србија е земја која доживеа голем економски развој во последните години, држава со независен и суверен пристап кон меѓународната политика, но и земја која се соочува со протести и во која е во тек обид за „обоена револуција“ со многу пари вложени однадвор.

11 (94) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 12-Mar 07:00 -> 13-Mar 09:48
.
.
.
.

Манев: Претрпев тортура во полицијата и затворот, Ѓорчевски воопшто не е вмешан во случајот

  • Ќе се сослушуваат обвинетите за убиствата на Вања и Панче - Судењето продолжува

  • Палевски тргна кон Вања со пиштол и перниче во раката и испука куршум, сведочеше Манев

  • По три обиди за грабнување на 40-годишна жена, по грешка ја грабнале Вања - ,,Особата беше идентична'', вели Манев

Во текот на сведочењето Велибор Манев, обвинет за убиство на Вања и Панче, денеска пред Судот изјави дека претрпел тортура при испитувањето од службените лица.

Со распит на обвинетите за убиството на Вања и Панче, во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за двојното убиство за кое се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.

Еден од обвинетите за грозоморните убиства на Вања и Панче, Велибор Манев денеска даваше исказ во Кривичен суд за тоа како се случило грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска.

Oткако го убиле Панче, го затрпале во земуницата, а н а истотото место требало да биде грабната и некоја 40-годишна жена, сведочи денеска Велибор Манев.

13 (20) ■ вести > свет > регион ■ 13-Mar 09:21 -> 14-Mar 23:07
.
.
.
.

Американската амбасада во Белград издаде безбедносно предупредување во врска со утрешниот протест

  • Студентите порачаа: Србија се разбуди, 15-ти март не е крај на протестите!

  • На периферијата на Белград запленето големо количество оружје

Амбасадата на САД во Белград издаде безбедносно предупредување за американските граѓани во врска со утрешниот протест на кој може да се соберат стотици илјади луѓе во Белград и ги повика да избегнуваат толпи и места за масовни собири, пренесе Н1. „Во Белград се очекуваат големи протестни акции со вкупен број учесници кој може да достигне стотици илјади.

Студентите во Србија објавија соопштение на социјалните мрежи пред големиот протест во сабота.

При претрес на возила на приодите кон Белград, полициските службеници пронашле и заплениле поголемо количество палки, ножеви, боксирачи, солзавец, тајзери и други видови оружје.

14 (15) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Mar 11:04 -> 14-Mar 18:51
.
.
.
.

СДСМ: ДПМНЕ да ја праша Весна Јаневска колку го појача профитот на Пуцко Петрол со тендерите од МОН?

  • (ВИДЕО) Стојаноски: Благодарение на СДС и ДУИ, Пуцко петрол успевал за една година да го зголеми приходот за 40 проценти

Институции и општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ имаат склучено над 170 договори за тендери со Пуцко петрол, обвини СДСМ.

Откако пред некој ден син на пратеник од ДУИ, сопственик на Пуцко петрол како мерка доби домашен притвор за случај во којшто се сомничи за криминал тежок за 167 милиони евра за набавка на канцероген мазут за ТЕЦ Неготино, јавноста има право да знае дека стекнувањето, поточно зголемувањето на имотот на сопственикот на Пуцко петрол се случува благодарение на СДС и ДУИ, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија