Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека и покрај предизборните ветувања за промени, сега не може да каже дека тие се реализирале.
Заменик-претседателот на Владата, Арбен Фетаи, ја поздрави одлуката на пратеничката Мимоза Муса да остане дел од пратеничката група на коалицијата ВЛЕН, оценувајќи ја како храбар чин со висок политички интегритет.
ВЛЕН ја изразува целосната поддршка и благодарност за принципиелниот и непоколеблив став на пратеничката Мимоза Муса, која покажа висок политички и институционален интегритет во чувствителен период за албанската политичка сцена во земјата.
Пратеничката Мимоза Муса од Алијанса за Албанците попладнево преку својот Фејсбук профил соопшти дека останува дел од коалицијата Вреди што практично значи дека уште еден пратеник го напушта Арбен Таравари.„Пред една година, на 8 мај, ја добив довербата од над 107.000 Албанци како пратеник на Алијансата за Албанците, на листата на коалицијата Вреди.