1 (13) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 19-Feb 10:15 -> 19-Feb 11:12
.
.
.
.

Нова кривична пријава за Перпарим Бајрами, закупил деловен простор за двојно повисока цена од пазарната

  • Финансиската полиција поднесе кривична пријава против Перпарим Бајрами

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе уште една кривична пријава против поранешниот директот на Државна лотарија Перпарим Бајрами, за злоупотреба на службена положба и овластување.

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против П. Б. во својство на директор на Државна лотарија на Македонија поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба.

4 (26) ■ вести > свет ■ 17-Feb 08:41 -> 19-Feb 11:10
.
.
.
.

На Зеленски му отвораат нов фронт: Избори!

  • Си-Ен-Ен: Трамп и задава нов удар на Украина, му дава нов поттик на Путин

  • Трамп: Зеленски го поддржуваат 4% од Украинците, потребни се избори

Доналд Трамп нема ништо против украинскиот претседател да учествува на мировните преговори со Русија, но тоа не мора да биде Володимир Зеленски, чиј мандат заврши пред речиси една година.

Американскиот претседател Доналд Трамп во своите најнови изјави даде најнепријателски коментари за Украина досега, нанесувајќи и нов удар на земјата и нов поттик на рускиот претседател Владимир Путин, оценува Си-Ен-Ен. Откако го исклучи украинскиот претседател Володимир Зеленски од првите разговори меѓу САД и Русија за завршување на војната, одржани во Ријад во вторникот, Трамп ја обвини Украина за започнување на конфликт што ја опустоши нејзината земја и уби илјадници нејзини луѓе, објави американската телевизија.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на Украина и се потребни избори пред потпишувањето на мировниот договор.

7 (79) ■ вести > македонија > политика ■ 17-Feb 16:33 -> 18-Feb 21:13
.
.
.
.

Владата го задолжила Министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител до Советот на јавните обвинители

  • Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски денеска на седница на Влада

  • Коцевски: Ако не се утврди дека сум сторил тешка дисциплинска повреда, јавноста ќе цени дали ќе бидам разрешен законски или незаконски

  • Обвинителката Крстевска Цалева се повлекува од функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство

Владата на денешната седница, го разгледала мислењето од Министерство за правда и по сериозна дискусија го задолжила ресорното Министерство да достави предлог за разрешување на републичкиот јавен обвинител пред истекот на неговиот мандат, кое потоа, како што истакна на денешната прес – конференција портпаролката на Владата Марија Митева, ќе го достави до Советот на јавните обвинители.

Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска треба да биде разгледан на седница на Влада, по што ќе се достави до Советот на јавни обвинители.

Не можам да коментирам без да ги видам наводите од Владата, но од она што го слушнав досега ќе треба да се утврди дали сум направил тешка дисциплинска повреда. ако е така јас сам ќе се повлечам вели државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски Коцевски, пред денешната владина седница за неговото разрешување.

Само една недела по назначувањето за раководител на ВЈО Скопје, обвинителката Наташа Крстевска Цалева побара да биде ослободена од функцијата.

9 (4) ■ вести > свет ■ 19-Feb 10:07 -> 19-Feb 11:15
.
.
.
.

Kалас: Договорот на Трамп со Путин ќе пропадне ако ние не се согласиме

  • Калас: Дебатите за мировни сили во Украина претставуваат ризик за запаѓање во „руската замка“

Дебатите ширум Европа за можно испраќање мировни сили во Украина преставуваат ризик да се западне во „руската замка“, бидејќи дискусиите за мировна мисија се преуранети во услови кога „Русите не сакаат мир и нема мир“, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

Дебатите ширум Европа за можно испраќање мировни сили во Украина преставуваат ризик да се западне во „руската замка“, бидејќи дискусиите за мировна мисија се преуранети во услови кога „Русите не сакаат мир и нема мир“, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

Повеќе од
оваа категорија

37 (22) ■ спорт > кошарка ■ 17-Feb 12:00 -> 19-Feb 10:00
.
.
.
.

Македонија ги почна подготовките за важните мечеви за пласман на ЕП

  • Треба да излеземе од прва минута за победа против Естонија, вели Димитријевиќ

  • Шортс: Нено е лидерот на оваа репрезентација, јас сум тука да помогнам

За пласман на ЕП 2025 репрезентацијата на Македонија треба да ја победи Естонија в петок на гости (најмалку со шест поени разлика), потоа и Полска дома в понеделник, но и да чека пораз на Естонија на гости во Литванија Машката сениорска репрезентација на Македонија вчера попладне во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје требаше да ги почне подготовките за важните натпревари што следуваат за пласман на Европското првенство (ЕП) годинава.

Кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, Ненад Димитријевиќ пред претставниците на медиумите изјави дека едвај чека да дојде мечот од квалификациите со Естонија и дека тимот ќе биде подготвен.

Македонската кошаркарска репрезентација во последниот прозорец од квалификациите за Евробаскетот 2025 ја очекуваат тешки натпревари против незгодната Естонија и Полска.

Повеќе од
оваа категорија

13 (5) ■ бизнис > балкан > регион ■ 19-Feb 09:31 -> 19-Feb 10:18
.
.
.
.

Грчки медиуми: Започнаа прелиминарните работи во Грција за изградбата на интерконекторот со Северна Македонија

  • ГРЦИЈА ПОЧНА ДА ГО ГРАДИ ГАСНИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР СО МАКЕДОНИЈА Ќе биде готов идната пролет

„Патувањето“ на новиот гасовод Грција – Северна Македонија започна, со оглед на тоа дека „Терна“ ги стартуваше моторите, започнувајќи ги прелиминарните работи за грчкиот дел од проектот, пишува грчкиот енергетски портал „Енерџи маг“ во однос на интерконекторот за природен гас меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

„Патувањето“ на новиот гасовод Грција – Северна Македонија започна, со оглед на тоа дека „Терна“ ги стартуваше моторите, започнувајќи ги прелиминарните работи за грчкиот дел од проектот, пишува грчкиот енергетски портал „Енерџи маг“ во однос на интерконекторот за природен гас меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

96 (11) ■ бизнис > македонија ■ 17-Feb 13:52 -> 17-Feb 14:42
.
.
.
.

Од полноќ ново поскапување на горивата

  • Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за еден денар по литар, а цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,33 отсто.

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за еден денар по литар, а цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,33 отсто.