1 (16) ■ вести > свет > регион ■ 13-Mar 09:06 -> 14-Mar 20:48
.
.
.
.

Вучиќ: Подготвен сум да ме соборат од власт

  • Вучиќ за утрешниот студентски протест: Ќе помогнеме во обезбедувањето на собирот, но одговорноста е на организаторите

Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ се обрати на јавноста во врска со најавата за утрешниот голем протест во Белград организиран од студентите.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека државата ќе преземе мерки за обезбедување на протестот најавен за 15 март во Белград, но истакна дека целосната одговорност ќе биде на организаторите.

4 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 13-Mar 10:24 -> 14-Mar 15:39
.
.
.
.

Бугарија ја стопира модернизацијата на дел од железничките делници во рамки на Коридорот 8

  • Бугарија ја одложи модернизацијата на пругата кон Македонија

  • Николоски: Жалиме што Бугарија ги повлече средствата за пругата, остануваме силно посветени на изградбата на овој коридор

Модернизацијата, односно реконструкцијата на дел од бугарската пруга во рамки на Коридорот 8 беше дел од разговорите на С Македонија и Бугарија со цел постигнување договор за интензивирање на работите за железничкото поврзување меѓу Скопје и Софија Во ек на интензивирани преговори меѓу С Македонија и Бугарија за изградба и модернизација на железничката пруга од Коридорот 8 од македонска и од бугарска страна, владата во Бугарија донесе одлука за одложување на модернизацијата на делниците Софија-Перник и Перник-Радомир, кои се дел од овој коридор.

Нема пари, а очигледно нема ни желба во Софија за изградба на пругата од Коридорот 8 кон Скопје.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека како Влада остануваат силно посветени на изграба на овој Коридор и дека активно се работи на втората секција во должина од 34 километри.

8 (33) ■ вести > свет ■ 13-Mar 16:55 -> 14-Mar 22:05
.
.
.
.

Трамп: Припојувањето на Гренланд ќе ја унапреди меѓународната безбедност

  • Расмунсен: Гренланд не може никој да го припои, тоа е прекршување на меѓународното право

  • Трамп: Имам моќ во преговорите со Путин – „Стравувањата од напад на Русија се неоправдани“

  • Трамп: Се надевам дека Русија ќе ја направи вистинската работа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сепак „ќе се случи припојување на автономната данска територија Гренланд кон САД и дека тоа ќе ја унапреди меѓународната безбедност”.

Шефот на данската дипломатија, Ларс Локе Расмусен, денеска изјави дека Гренланд не може никој да го припои, реагирајќи на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можна анексија на Гренланд.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на прес конференција беше прашан за неговото влијание врз Русија.

Американскиот претседател Доналд Трамп и се обрати на јавноста од Овалната соба.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија