1 (6) ■ вести > македонија ■ 25-May 11:27 -> 25-May 15:15
.
.
.
.

Трпчески од Рим: Сесловенските просветители ширеле благородна мисија онака како што и музиката тоа го прави

  • ТРПЧЕСКИ: Мило ми е што ја преставував Македонија во Рим, ние сме држава од каде што практично започнало описменувањето

Министерство за култура и туризам Пијанистот Симон Трпчески, кој синоќа одржа концерт во Хорти Салустијани во Рим, во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, изјави дека од исклучителна важност е што Македонија секоја година се труди да биде присутна, да ги чествува просветителите и да покаже огромна почит за една од базичните работи – описменувањето.

Пијанистот Симон Трпчески, кој синоќа одржа концерт во Хорти Салустијани во Рим, во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, изјави дека од исклучителна важност е што Македонија секоја година се труди да биде присутна, да ги чествува просветителите и да покаже огромна почит за една од базичните работи – описменувањето.

2 (22) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 23-May 11:46 -> 25-May 15:00
.
.
.
.

Затвореници од „Идризово“ барале стотици евра од мајка на друг затвореник: Пари за наводна заштита или насилство кое го гледала на видео повик

  • ПРАВЕЛ ДУБАРИ СО ВРЕЌИ ЗА ОТПАД Ексдиректор на струмичко комунално претпријатие пријавен за злоупотреба на 3 милиони денари

  • Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица за злоупотреба на службена положба и овластување

На 24.05.2025 СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против А.Б.(31) и А.Р.(25), двајцата од Скопје, поради постоење на сомнение дека сториле кривични дела „изнуда” по член 258 став 1 и „лихварство“, по член 260 став 1 и против Е.Б.(27) и Р.Р.(20), двајцата од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ по член 258 став 1 во врска со член 22 и „лихварство“, по член 260 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

ПРАВЕЛ ДУБАРИ СО ВРЕЌИ ЗА ОТПАД Ексдиректор на струмичко комунално претпријатие пријавен за злоупотреба на 3 милиони денари Пријавениот во 2022 година набавил вреќи за отпад од струмичка компанија, по фактури, во износ од 1.239.000 денари за потребите на претпријатието.

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 2 и 5, а во врска став 1 од Кривичниот законик.

3 (98) ■ вести > македонија > политика ■ 23-May 07:30 -> 25-May 15:00
.
.
.
.

Манасиевски: Најголемите криминали во здравството се случија во времето на Филипче

  • Филипче: Конструктивни сме кога е во интерес државата, в понеделник ќе понудам конкретни точки за лидерска средба

  • Филипче: Владата воведе данок на иднината, а под хипотека се неколку идни генерации

  • Горан Герасимовски ќе биде кандидат на СДСМ за Центар

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција истакна дека криминалите во здравството не би можеле да се случат без Филипче.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека во понеделник, на Националниот совет за евроинтеграции со кој претседава во Собранието, ќе предложи конкретна агенда составена од најважните точки поврзани со реформскиот пат и националните интереси, за кои најголемите политички партии треба да разговараат на лидерска средба.

Логични и легитимни се нашите прашања за Договорот со Велика Британиј, ниту ние ниту јавноста не знае ништо за тој договор, ниту кој е рокот, ниту колкава ќе биде каматата, изјави денеска од Охрид претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.„Министерката за финансии нема одговор на овие прашања.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска потврди дека партијата веќе започнала со сериозни подготовки за претстојните локални избори, вклучително и дефинирање на коалициските стратегии и изборот на кандидатите за градоначалници.

4 (10) ■ вести > македонија > политика ■ 25-May 09:50 -> 25-May 15:15
.
.
.
.

ДУИ обвинува за етничка дискриминација во Царинската управа, бара реакција од Владата

  • ДУИ: Унапредени 26 службеници во Царина, без ниту еден Албанец

Демократската унија за интеграција реагираше на неодамнешното унапредување на 26 вработени во Царината на Северна Македонија, сите од Македонско потекло, без ниту еден Албанец.„Ова не е изолиран случај, туку продолжување на систематска политика на етничко исклучување, која директно влијае на коегзистенцијата и меѓуетничката рамнотежа во земјата.“ДУИ потсетува дека институциите мора да го одразуваат мултиетничкиот карактер на државата и уставниот принцип на еднаква застапеност.„Наместо тоа, гледаме враќање кон моноетнички структури и негирање на државната реалност“, велат од ДУИ.ДУИ бара итен одговор од Владата и одговорност од оние кои, преку нивното молчење или соработка, овозможуваат враќање на дискриминаторските практики.„Не се осмелуваме да им дозволиме на Албанците да се кријат од државата.“„Ќе ги употребиме сите демократски средства за да го запреме овој институционален монопол и да ја вратиме правдата таму каде што заслужува, за сите граѓани, подеднакво“, се вели во соопштението на ДУИ.

Демократската унија за интеграција најостро реагира на најновото унапредување на 26 службеници во Царинската управа, сите од македонска етничка припадност, без ниту еден Албанец.

10 (5) ■ вести > македонија > хроника ■ 25-May 12:40 -> 25-May 14:15
.
.
.
.

Автомобил излета кај Порта Македонија: Удрил во столбчиња, канделабра и тенда, па се запалило

  • АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТА ПА СЕ ЗАПАЛИ КАЈ ПОРТА МАКЕДОНИЈА Возач од Македонски Брод повреден во сообраќајка во центарот на Скопје

Денеска (25.05.2025) вo 00.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„11-ти Октомври“ со ул.„Димитрије Чуповски“, кај порта Македонија, патничко возило „ауди а4“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Л.Л.(39) од Македонски Брод, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски столбчиња, канделабра и една тенда од продажен објект, информира МВР.

АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТА ПА СЕ ЗАПАЛИ КАЈ ПОРТА МАКЕДОНИЈА Возач од Македонски Брод повреден во сообраќајка во центарот на Скопје Возачот се здобил со телесни повреди, а по укажаната прва помош бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани повредите.

12 (6) ■ вести > македонија > хроника ■ 25-May 11:45 -> 25-May 14:15
.
.
.
.

ЛОКОМОТИВА ГО УДРИЛА ДОДЕКА ПРЕМИНУВАЛ ПРУГА Тешко повреден пешак на премин во Хиподром

  • Локомотива удрила во пешак во Хиподром, со тешки повреди пренесен на Клинички

ЛОКОМОТИВА ГО УДРИЛА ДОДЕКА ПРЕМИНУВАЛ ПРУГА Тешко повреден пешак на премин во Хиподром Од здобиените повреди, пешакот е префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди. фото: Министерство за транспорт Маж на возраст од 55 години е тешко повреден ноќеска кога во него удрила локомотива на железничкиот премин во населбата Хиподром, информираше Министерството за внатрешни работи.

Денеска (25.05.2025) вo 01.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на железнички премин Хиподром, локомотива, сопственост на ЈП „Македонски железници“, удрила во пешакот С.Л.(55) од Скопје.

Повеќе од
оваа категорија

8 (77) ■ спорт > фудбал ■ 23-May 06:07 -> 25-May 10:39
.
.
.
.

Ретко го гледаме во вакво издание: Говорот на Анчелоти го расплака Перез (ВИДЕО)

  • Шпанците го селат Модриќ во Хетафе

  • Шпалир, овации и достојно збогување: Модриќ не успеа да ги задржи солзите на последниот меч на „Бернабеу“ (ВИДЕО)

  • Анчелоти се збогува со Реал, неговите зборови го расплакаа и Флорентино Перез

Освен Лука Модриќ денешниот натпревар на Реал Мадрид беше последен и за Карло Анчелоти на клупата, Италијанецот како што е познато ќе ја продолжи кариерата како селектор на Бразил.

Лука Модриќ (39) сè уште не откри каде ќе ја продолжи кариерата, откако објави дека го напушта Реал Мадрид, но шпанските медиуми веќе нудат неочекувано сценарио.

Лука Модриќ последен пат играше на „Сантијаго Бернабеу“ за Реал Мадрид во победата над Реал Сосиедад (2-0) во последната рунда од Ла Лига.

Карло Анчелоти денес се збогува со Реал Мадрид.

35 (40) ■ спорт ■ 23-May 06:45 -> 25-May 15:15
.
.
.
.

АЕК без најголемата ѕвезда и на гости кај Алкалоид во Скопје!

  • Минов: Да навиваме фер и со срце - Напред Алкалоид!

  • Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив

  • Лазаров: АЕК не потцени малку, ќе бидат потрезвени во реваншот

Екипата на АЕК од Атина веќе е во Скопје каде гостува кај Алкалоид во рамки на Европскиот Куп на ЕХФ, а тренерот Бужан и на овој меч ќе биде без една од главните ѕвезди.

Драга публико, почитувани навивачи, наш осми играч на теренот, во пресрет на финалниот ракометен напревар од ЕХФ Европскиот куп меѓу РК „Алкалоид“ и РК „АЕК“, упатуваме искрен апел до нашите поддржувачи – да jа покажеме љубовта кон македонскиот ракомет и кон ракометниот клуб АЛКАЛОИД со фер и спортско навивање, изјави Горан Минов, претседател на РК „Алкалоид“.

Ракометарите на Алкалоид се подготвуваат за реваншот со АЕК в недела во финалето на ЕХФ Европскиот куп.

Екипата на Алкалоид го победи АЕК во Атина со четири гола разлика и во Скопје ќе напаѓа трофеј во Европскиот Куп на ЕХФ.

Повеќе од
оваа категорија

209 (5) ■ бизнис > македонија ■ 23-May 11:22 -> 23-May 14:39
.
.
.
.

Божиновска: Потребна е координирана акција во борбата со аерозадувањето и систем кој нема да дозволи злоупотреби

  • Божиновска: Владата за зелена иднина

Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска на надзорната расправа за аерозагадувањето, што се одржува во Собранието, истакна дека Министерството е свесно за влијанието на традиционалните енергетски капацитети, но дека проблемот со загадувањето треба да се бара и во злоупотребата на системот односно користењето на штетни горива од сомнително потекло за лична и имотна корист.

На денешната надзорна расправа во Собранието на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“ се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Сања Божиновска.

229 (4) ■ бизнис > економија ■ 23-May 12:12 -> 25-May 07:45
.
.
.

OPEN AI ПОЧНУВА СО ПРОИЗВОДСТВО НА НОВ УРЕД, ГО ГЛЕДА ЦЕЛИОТ ЖИВОТ НА КОРИСНИКОТ: Алтман нареди: „Доставете ми 100 милиони од нив! “

  • Опен АИ работи на „револуционерен уред“ што би можел да го промени начинот на кој ја користиме технологијата

Добивај вести на Viber Нов придружник на вештачката интелигенција би можел да го редефинира начинот на кој го доживуваме секојдневниот живот, но исто така би можел да отвори прашања за приватноста Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, ги здружува силите со еден од најпознатите дизајнери на Apple, Џони Ив, за да развијат носливи уреди што ќе можат да го „гледаат“ целиот наш живот.

Еден ден откако го објави купувањето на стартапот за 6,5 милијарди долари, извршниот директор на Опен АИ (OpenAI), Сем Алтман, компанијата зад Чет ГПТ (ChatGPT), им објасни на вработените дека развива „таен уред“.