Жири комисијата на 70. Стериино позорје во Нови Сад во состав Вања Ејдус, актер и претседател, Дражен Ференчина, режисер, Федор Шили, драмски писател, Петар Грујичиќ, театролог, и Ѓорѓе Косиќ, драмски писател, на завршната седница, одржана доцна синоќа, донесе одлука Специјалната Стериина награда за колективна актерска игра да ја додели на ансамблот на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, во продукција на Македонски народен театар, Скопје.
На театарскиот фестивал Стеријино позорје во Нови Сад вечерва е последната натпреварувачка претстава – „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, што ќе ја одиграат од ансамблот на Македонскиот народен тетар.