Локалната власт и Советот при Општина Неготино максимално го поддржуваат мирниот собир кој денес ќе се одржи на градскиот плоштад во Неготино по повод трагичната смрт на нашата сограѓанка Фросина Кулакова.
Во чест на починатата Фросина Кулакова од Неготино, која беше прегазена на пешачки премин во Скопје завчера, од страна на 20-годишник кој пијан, без возачка дозвола возел со брзина од над 120 километри на час, и поминал на црвено, денес во нејзиниот роден град ќе се одржи мирен собир на граѓани.