1 (26) ■ вести > балкан > регион ■ 15-Nov 08:12 -> 15-Nov 10:48
.
.
.
.

Уапсен хрватскиот министер за здравство, претреси кај повеќе директори на болници и лекари

  • Голема полициска акција утрово во Хрватска, се врши претрес во домот на министерот за здравство

  • Полицијата упадна во домот на хрватскиот министер за здравство Вили Берош

Рано утрово е уапсен министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош.

Припадници на хрватската Национална полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал утрово организираа голема акција во која упаднаа во домот на актуелниот министер за здравство Вили Берош.

Припадници на хрватската Национална полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал утрово организираа голема акција во која упаднаа во домот на актуелниот министер за здравство Вили Берош.

5 (11) ■ вести > македонија ■ 14-Nov 10:26 -> 15-Nov 10:00
.
.
.
.

Од денеска стартува законската обврска за зимска опрема во возилата

  • МВР со апел до возачите: Од денеска задолжително поседување зимска опрема

Од денес почна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

„Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и 191/18) и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 98/19, 302/20 и 122/21), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема“, Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштатa како зимска опрема на моторните возила се подразбира: : – зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри; – пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

6 (54) ■ вести > македонија > политика > црна хроника ■ 14-Nov 11:00 -> 15-Nov 10:48
.
.
.
.

Тошковски: Дозволи за оружје добивале луѓе кои законски немале право, отказ за околу 15 високи полициски функционери

  • МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот

  • Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски

  • Тошковски очекува „Сејф сити“ да биде целосно функционален во текот на идната година

Комисијата за ревизија на постапките за издавање на дозволи за поседување оружје констатираше дека повеќе од 5 000 предмети не се сработени, а исто така и добар број предмети се сработени спротивно на законските одредби, поради што Одделот за внтарешна контрола по темелна истрага достави до Одделот за дисциплински постапки предлог за спроведување на дисциплински постапки – отказ за околу 15-тина лица коишто биле високи полициски функционери од претходната власт, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посетил Одделението за персонализација во МВР каде била промовирана новата машина за печатење на лични документи.

Ставена е во функција нова машина, со што се зголемува капацитетот за издавање на возачки дозволи или лични карти, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и упати уште еден повик до македонските граѓани да ги заменат возачките коишто се со старо уставно име заклучно со Нова година.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на платформата „100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ денеска во Владата, прашан кога ќе биде пуштен во употреба системот за безбеден град „Сејф сити“, рече оти се надева дека во текот на 2025 година овој систем ќе има целосна функционална примена.

7 (7) ■ вести > свет ■ 14-Nov 19:11 -> 15-Nov 10:14
.
.
.
.

Лидерите на ЕУ апелираа до Бајден да ја зголеми поддршката за Украина

  • Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп!

Лидерите на Европската унија апелираа до администрацијата во заминување на претседателот Џозеф Бајден да ја зголеми американската поддршка за Украина со цел што е можно повеќе да ја зајакне позицијата на Киев пред крајот на претседателскиот мандат во јануари, пишува „Блумберг“, повикувајќи се на извори.

Лидерите на Европската унија апелираа до администрацијата во заминување на претседателот Џозеф Бајден да ја зголеми американската поддршка за Украина со цел што е можно повеќе да ја зајакне позицијата на Киев пред крајот на претседателскиот мандат во јануари, пишува „Блумберг“, повикувајќи се на извори.

9 (96) ■ вести > свет ■ 13-Nov 07:47 -> 15-Nov 10:20
.
.
.
.

Меланија Трамп нема да се пресели во Вашингтон

  • Бајден и Трамп денеска ќе имаат средба во Белата куќа

  • Бајден и Трамп се сретнаа во Белата куќа за да разговараат за транзицијата на власта

  • Трамп го избра Илон Маск да раководи со владиниот оддел за ефикасност

Сопругата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Меланија нема да се пресели во Вашингтон за време на вториот мандат на нејзиниот сопруг, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на повеќе неименувани извори.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе се сретне со претседателот во заминување Џозеф Бајден, една недела откако тој како републикански кандидат го освои потребниот број електорски гласови за втор претседателски мандат.

Доналд Трамп не му ја укажа таа чест во 2020 кога беше поразен на изборите, но Бајден ја врати традицијата претседателот во заминување да го покани ново избраниот претседател за да разговараат за непречената транзиција на власта.

Трамп изјави дека Маск и Рамасвами ќе бидат надворешни соработници, кои ќе и даваат совети и насоки на Белата куќа и ќе соработуваат со Канцеларијата за управување и буџет за да поттикнат, како што вели, структурни реформи од големи размери кои треба да создадат претприемачки пристап на владата кој никогаш претходно не бил виден И покрај тоа што се нарекува министерство, не станува збор за владина агенција, пишува британски „Гардијан“.

12 (47) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 14-Nov 10:01 -> 14-Nov 18:01
.
.
.
.

Увид на местото каде беше фрлена експлозивна направа во Керамидница

  • (ФОТО) Ќерамидница под полициска опсада, повредениот во експлозијата е надвор од животна опасност

  • Фрлена бомба во двор во Керамидница, едно лице повредено

  • Експлозија во Ќерамидница – еден човек е повреден

Полицијата врши увид во Керамидница каде изутрината беше фрлена експлозивна направа во двор од куќа при што беше повредено едно лице кое е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Лицето повредено при денешната експлозија во скопска Ќерамидница е надвор од животна опасност, вели Небојша Настов, директор на Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во изјава за „360 степени“.

Во утринските часови била експлодирана бомба во двор во скопската населба Керамидница, информираат од МВР/ „Денеска (14.11.2024) во 09.20 ч. во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа.

Едно лице е повредено откако во двор од куќа во скопската населба Ќерамидница била фрлена експлозивна направа, информираат од Министерството за внатрешни работи за повеќе медиуми.

Повеќе од
оваа категорија

58 (17) ■ спорт ■ 13-Nov 08:12 -> 14-Nov 11:24
.
.
.
.

Заедничко соопштение од Министерството за спорт и РФМ за случувањата во женската лига

  • Министерството за спорт им ги поништи решенијата за дејност спорт на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје

Министерството за спорт и Ракометната федерација на Македонија ја користат оваа прилика да упатат порака до сите спортски чинители да бидат одговорни на спортските борилишта што значи почитување на спортските правила Во врска со последните случувања во ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција, по одигрувањето на Женската ракометна лига за сезоната 2024/2025 и појавата на неспортско однесување од страна на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје на Куп натпреварот во групната фаза, Ракометната федерација на Македонија, по спроведена дисциплинска постапка, констатираше активности од страна на двете екипи кои се спротивни на начелото на фер-плеј, предизвикувајќи нарушување на спортскиот дух, спортскиот интегритет и витештво што е во целосна спротивност со Кодексот на ракометните клубови при РФМ и спротивно на Олимписката повелба.

Министерството за спорт и Ракометната федерација на Македонија испратија заедничко соопштение до јавноста, по скандалот во женскиот ракометен Куп на Македонија на натпревар на кој ракометарките на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје сами си постигнуваа автоголови во насока на конструирање на конечниот резултат.

71 (7) ■ спорт > мои пари ■ 14-Nov 11:53 -> 14-Nov 16:52
.
.
.
.

Ракометната федерација ги исплати наградите за националните селекции

  • РФМ богато ќе ги награди националните селекции кои се пласираа на континтенталните натпреварувања

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024 г.) ги исплати наградите на националните селекции во износ од : – 2.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација, за пласманот на IHF Men’s World Championship 2025 кое ќе се одржи во Хрватска,Норвешка и Данска ; – 1.000.000,00 денари на младинската селекција (машка конкуренција), за освоено 9-то место на M20 EHF EURO Championship 2024, кое се одржа во Р. Словенија ; – 2.000.000,00 денари за пласман на женската сениорска репрезентација на Women’s EHF EURO 2024, кое ќе се одржи во Унгарија, Швајцарија и Австрија ; Македонската сениорска репрезентација обезбеди пласман на IHF Men’s World Championship 2025 по одиграните бараж натпревари со селекцијата на Фарски Острови.

Ракометната Федерација на Македонија богато ќе ги награди националните селекции кои успеаа да обезбедат пласман на континенталните натпреварувања.

Повеќе од
оваа категорија

65 (7) ■ бизнис > економија ■ 14-Nov 11:22 -> 14-Nov 15:53
.
.
.
.

Мицкоски: Со потпишувањето на меморандумот меѓу ЕСМ и СОКАР треба да добиеме пониска цена на природниот гас

  • Мицкоски: Преку соработката на компанијата „СОКАР“ со АД ЕСМ државата ќе добие уште пониска цена на гас

Потпишувањето меморандум за разбирање меѓу АД ЕСМ и азербејџански СОКАР е навистина фантастична вест и е нешто позитивно за нас како држава, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската комора на Македонија-Турција (МАТО). По настанот одговарајќи на новинарско прашање, што подразбира соработката со азербејџанскиот енергетски гигант „СОКАР“ којашто денеска ја склучија со АД ЕСМ, информираше дека станува збор за компанија, преку која АД ЕСМ во последниот квартал годинава се снабдува со гас, а со меморандумот очекувањата се дека државата ќе добие уште пониска цена на гас.