До Обвинителството и предметните обвинители до денеска нема доставно документ дека осомничениот е недостапен на органите на прогонот, реагираат од Основото јавно обвинителство на изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој претходно денеска рече дека е вчудоневиден што не е побарана мерка притвор за поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, кој е недостапен за органите на прогонот, а е осомничен за проневера на 6,5 милиони евра.
Судија на претходна постапка при Основниот Кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот за определување мерки за претпазливост против В.К. од 11 декември 2024 година за истрагата за предметот од Обвинителството „Адитив“, денеска по добивање на известување од надлежното МВР за неговата достапност, донесе решение со кое го отфрли предлогот за определување мерки за претпазливост, со оглед дека осомничениот не е достапен за органите на прогон.
Од обвинителството појаснуваат зошто против екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски не побарале мерка притвор, а за што денеска министерот Панче Тошковски рече дека е вчудоневиден.
Кривичниот суд денеска го отфрлил предлогот за определување мерки за претпазливост против поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, поднесен на 11 декември годинава, откако добил известување од Министерството за внатрешни работи (МВР) дека тој не е достапен.