1 (14) ■ вести > македонија > политика > бензин ■ 06-Jul 10:15 -> 07-Jul 16:00
.
.
.
.

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

  • НОВИ ЦЕНИ ОД ПОЛНОЌ: Бензинот поевтинува, дизелот поскапува

Од ноќеска се намалуваат малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,50 денари/литар и на мазутот М-1 НС за 0,174 денари/ килограм, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 0,50 денари/литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Од полноќ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,73% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија од 30.06.2025 година.

4 (41) ■ вести > свет > сад ■ 06-Jul 06:17 -> 07-Jul 13:31
.
.
.
.

Трамп: За земјите кои соработуваат со БРИКС ќе има дополнителни царини

  • Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС

  • Бразилскиот претседател го отвори самитот на БРИКС со повик за мир во Украина и „запирање на геноцидот во Газа“

  • ПУТИН НА САМИТОТ НА БРИКС: Светот доживува радикални промени, униполарниот систем е минато

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека секоја земја што ја поддржува политиката на БРИКС, која е спротивна на интересите на САД, ќе се соочи со дополнителна царина од 10 проценти.

Во Рио де Жанеиро денес и утре се одржува 17-тиот Самит на БРИКС, на кој ќе земат учество претседатели и премиери на земјите-членки и на земјите-партнери.

Сите страни во конфликтот во Украина мора да го продлабочат дијалогот за да најдат мирно решение и да воспостават траен мир, изјави бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва на отворањето на самитот на БРИКС во Рио де Жанеиро.

БРИКС добива сè повеќе истомисленици меѓу земјите од глобалниот Југ и Исток, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин, зборувајќи преку видео врска на самитот на БРИКС што се одржува во Рио де Жанеиро.

5 (17) ■ вести > македонија > политика > граѓани ■ 07-Jul 09:41 -> 07-Jul 16:00
.
.
.
.

Алиу: Продолжуваме да работиме на унапредување на здравствениот систем и да ги спроведуваме новите мерки и реформи

  • ПАЦИЕНТИТЕ ПРИЈАВИЛЕ МИТО, ИГНОРИРАЊЕ И НЕСООДВЕТЕН ТРЕТМАН Министерството за здравство отвори канцеларија што ги истражува поплаките

Проекти и мерки реализираа во изминатиот период Владата и Министерството за здравство.

Во новиот систем за пријавување неправилности во здравството, граѓаните најчесто се пожалиле на непрофесионално однесување, игнорирање пациенти, одбивање здравствена услуга, неисполнување на должности, доцнење во третманот и на барање мито – покажа првата анализа на Министерството за здравство, изјави министерот за здравство, Азир Алиу, на денешната прес-конференција по повод една година од работењето на Владата.

6 (47) ■ вести > свет > израел > војна ■ 05-Jul 08:07 -> 07-Jul 15:51
.
.
.
.

Нови детали за предлогот за прекин на огнот во Газа се појавуваат додека Нетанјаху се упатува кон Белата куќа

  • Нетанјаху отпатува во САД заради договор за прекин на огнот во Газа

  • Израел го разгледува одговорот на Хамас за примирје, во меѓувреме уште најмалку 40 убиени во Појасот Газа

  • Трамп: Добри се шансите за постигнување договор со Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата замина за САД на средба со претседателот Доналд Трамп за нов договор за прекин на огнот во Газа.

Facebook / Benjamin Netanyahu - בנימין נתניהו Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху замина за Вашингтон на неколкудневна посета, во време кога се интензивираат обидите за постигнување договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложници.

Израел го разгледува одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, каде што продолжуваат израелските напади во кои, според палестински извори, денеска биле убиени најмалку 40 луѓе.

Од: А1он Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор со палестинското исламистичко движење Хамас „оваа недела“, што би довело до ослободување на израелските заложници држени во Појасот Газа.

11 (124) ■ вести > свет > сад > војна ■ 05-Jul 00:00 -> 07-Jul 15:04
.
.
.
.

Трамп ги исмеа плановите на Маск за нова партија, опишувајќи ги како „апсурдни и збунувачки“

  • Трамп: Не сум сигурен дека можам да ја сопрам војната во Украина

  • Продолжува судирот меѓу најмоќниот и најбогатиот човек во светот

  • Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп ги оцени плановите на Илон Маск за формирање нова политичка партија како апсурдни, додавајќи дека Америка функционира најдобро во рамките на двопартиски систем.

НасловнаСветТрамп: Не сум сигурен дека можам да ја сопрам војната во Украина You cannot print contents of this website.

Фото: Facebook/Donald J. Trump Несогласувањата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и технолошкиот милијардер Илон Маск, често опишувани како судир меѓу најмоќниот и најбогатиот човек во светот, достигна нова ескалација откако сопственикот на Тесла, Спејс Икс и Старлинк, објави дека ќе формира нова политичка партија, претставувајќи ја како предизвик за двопратискиот систем на републиканците и демократите.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу незадоволен“ од телефонскиот разговор што го имал со рускиот претседател Владимир Путин, кој не довел до напредок кон завршување на војната во Украина.

Повеќе од
оваа категорија

87 (38) ■ спорт > фудбал > германија ■ 05-Jul 17:10 -> 07-Jul 07:00
.
.
.
.

Донарума побарал помош од психолог по инцидентот со Мусиала

  • ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Нојер бесен на Донарума: Знаеше дека ќе го повреди Мусијала, не се извини сè додека не го натерав да го стори тоа

  • Баерн и американците организираат транспорт на Мусиала до Германија

  • Шокантна повреда: Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во неверување

Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума, побарал помош од психолог по инцидентот со повредата на германскиот играч од средниот ред Џамал ​​Мусиала, објави RMC Sport.

Во четвртфиналето на Светското клупско првенство, ПСЖ го победи Баерн со резултат од 2:0, а натпреварот беше обележан со сериозна повреда на Џамал ​​Мусијала.

Фудбалскиот свет остана во шок по синоќешната хорор повреда на звездата на Баерн Минхен, Џамал Мусиала кој доживеа тешка сркшеница на мечот против ПСЖ во рамките од Светското клупско првенство во САД.

Четвртфиналниот натпревар на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн заврши со трагична сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал Мусиала доби сериозна повреда на ногата.

Повеќе од
оваа категорија

100 (30) ■ сцена > музика ■ 05-Jul 12:45 -> 07-Jul 08:30
.
.
.
.

Никола Станишиќ е победник на „Звездите на Гранд“ за 2025 година: „Им благодарам на мојата Македонија и на мојот ментор“

  • Еве што доби победникот на ,,Ѕвездите на Гранд!” - Никола Станишиќ доби автомобил, песна и една награда што ќе му го промени животот од корен

  • (Видео) Никола Станишиќ победи во „Ѕвездите на Гранд“: Ја испеа „Ако утре ме нема“ и им се поклони на жртвите од пожарот во Кочани

  • Цеца откри непознати детали за Никола Станишиќ: „Имаше трагедија во семејството...“

Синоќа се одржа големото финале на „Звездите на Гранд“, во кое победи Никола Станишиќ (25) од Македонија.

Големото финале на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ се одржа синоќа, а првото место го освои пејачот Никола Станишиќ од Македонија.

(Видео) Никола Станишиќ победи во „Ѕвездите на Гранд“: Ја испеа „Ако утре ме нема“ и им се поклони на жртвите од пожарот во Кочани од Еспресо09:50 - 6 јули, 202508:41 - 6 јули, 2025 Младиот Никола Станишиќ од Скопје е победник на регионалното натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

Синоќа, Никола Станишиќ од Македонија го освои големото финале на музичкиот натпревар „Ѕвезда Гранда“ за 2025 година.

334 (4) ■ сцена > култура ■ 05-Jul 18:16 -> 07-Jul 08:14
.
.
.
.

Сергеј Андреевски и Никола Пијанманов изложуваат во Грција

  • ▷ Сергеј Андреевски и Никола Пијанманов претставуваат во Грција.

Вечерва, со почеток во 20 часот, во главниот град Хора, на островот Андрос, свечено ќе биде отворена изложбата на првата интернационална уметничка работилница со наслов „Поистоветени со хоризонтот“ (“Aligned to the horizon”). Во текот на јуни, девет меѓународни уметници: Сергеј Андреевски (Скопје), Ан Лизе Бројер (Париз), Стано Бубан (Братислава), Маријана Кацарас (Тунис), Маркос Хаџипатерас (Лондон – Атина), Никола Пијанманов (Струмица), Герлинде Пистнер (Нирнберг), Кристина Рахме (Бејрут) и Карла Салем (Лондон – Бејрут) се нурнаа во пејзажот, архитектурата и приказните врежани во камењата и древните патеки на Андрос – и ги трансформираа овие средби во уметнички дела за време на нивниот престој во резиденцијата „Амалија Гарденс“ во Витали, Андрос.

Во месец јуни, деветмина меѓународни уметници, вклучувајќи ги Сергеј Андреевски од Скопје, Ан Лизе Бројер од Париз, Стано Бубан од Братислава, Маријана Кацарас од Тунис, Маркос Хаџипатерас од Лондон и Атина, Никола Пијанманов од Струмица, Герлинде Пистнер од Нирнберг, Кристина Рахме од Бејрут и Карла Салем од Лондон и Бејрут, се потопија во прекрасниот пејзаж, архитектурата и старинските приказни вградени во камењата и древните патеки на островот Андрос.