Facebook/Hristijan Mickoski Лидерите на шесте партнери на ЕУ од Западниот Балкан на денешниот состанок со еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје ја потврдија својата решеност да ги искористат можностите што ги носи Планот за раст на регионот, соопшти Европската комисија по повод денешната лидерска средба во македонскиот главен град.
Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска и утре ќе престојува во посета на земјава.
Во Скопје денеска ќе се одржи лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст кој ќе биде можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот.
„Нашата сила лежи во единството и стабилноста преку зајакнување на односите со нашите соседи и Европската Унија, преку отворање нови пазари, нови работни места, нови пријателства, отстранување на бариерите во трговијата, подобрување на инфраструктурата и зголемување на инвестициите“, изјави премиерот Христијан Мицкоски денес на отворањето на самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан посветен на Планот за раст.„Ние го предводиме патот во реформите, што значи подобро управување и почиста енергија, пофер правда и посилни бизниси.