1 (45) ■ вести > балкан > регион ■ 05-May 11:34 -> 07-May 17:43
.
.
.
.

Авионот на српскиот преседател Вучиќ слета во Баку!

  • Вучиќ уште не може да стигне до Русија, авионот принудно слетал во Баку

  • Српски медиуми: Вучиќ отпатува за Москва

  • Литванија му забрани на Вучиќ да лета до Москва преку нејзина територија

Авионот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој леташе за Москва е запрен поради борбени операции!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја започна најавената посета на Москва, каде што требаше да се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, но авионот со кој леташе мораше итно да слета во главниот град на Азербејџан, Баку поради војната во Украина и дејствијата во воздушниот простор на Русија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ отпатувал за Москва каде што е планирано да присуствува на парадата на победата на Црвениот плоштад, пренесуваат српски медиуми.

Литванските власти официјално го забранија летот на српскиот авион до Москва со кој требаше да патува српскиот претседател Александар Вучиќ, објави порталот „Новости.рс“.

2 (71) ■ вести > свет ■ 05-May 15:38 -> 07-May 16:23
.
.
.
.

📽 И ИНДИЈА И ПАКИСТАН ИМААТ ПО 180 НУКЛЕАРНИ БОЕВИ ГЛАВИ Во случај на нуклеарен армагедон би загинале 150 милиони луѓе

  • Доколку Индија и Пакистан употребат нуклеарно оружје ќе следи армагедон

  • Индиско МНР: Нападите во Пакистан без насочени кон терористички кампови

  • Пакистан: Никогаш нема да дозволиме непријателот да успее во неговите зли цели

Нуклеарна зима би можела да однесе меѓу 50 и 125 милиони жртви доколку конфликтот меѓу Индија и Пакистан прерасне во нуклеарна војна, анализираат научници од Универзитетот Рутгерс во САД.

Индија и Пакистан се нуклеарни сили во актуелен судир, а секоја поседува околу 180 нуклеарни боеви глави.

Нападите на Индија врз Пакистан беа насочени кон „терористички кампови“ кои служеа како центри за регрутирање и места за стационирање, каде што се складира оружје и има објекти за обука, соопшти индиската војска.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф денеска изјави дека Пакистан има целосно право да се брани од „воен чин наметнат од Индија“ и дека одговорот на индиските напади е „насилен“.

3 (42) ■ вести > македонија > политика ■ 05-May 15:57 -> 07-May 17:46
.
.
.
.

Мицкоски – Милановиќ: Стабилна и просперитетна Европа е невозможна без полноправно членство на целиот регион

  • Милановиќ: Немојте да бидете жртва на изнудување за членство во ЕУ

  • Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре во официјална посета на земјава

  • Посета на хрватскиот претседател: Утре посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје

Државата не треба да трпи никакви изнудувања во замена за членството во ЕУ. Вие добивате многу совети, од вашите соседи, од меѓународната дипломатија, од ЕУ, не се сите тие совети паметни, ниту корисни за вас… Вие сте тие, кои ќе одлучите што е важно за вас.

Државата не треба да трпи никакви изнудувања во замена за членството во ЕУ. Вие добивате многу совети, од вашите соседи, од меѓународната дипломатија, од ЕУ, не се сите тие совети паметни, ниту корисни за вас… Вие сте тие, кои ќе одлучите што е важно за вас.

Претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ утре ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (07.05.2025), поради официјална посета на претседателот на Република Хрватска, г. Зоран Милановиќ на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

6 (21) ■ вести > македонија > политика ■ 06-May 13:19 -> 07-May 17:20
.
.
.
.

ЗНАМ: СДСМ е во паника и прави дефокус од сопствените корупциски афери

  • Има конфликт на интереси – една од парцелите на кои ќе се гради „Лидл“ во Куманово е на кумот на градоначалникот Димитриевски, обвини опозицијата

  • СДСМ: Ова што го режираше Димитриевски, поддржан од ДУИ, треба да влезе во книгите за организиран криминал и корупција

СДСМ е во паника.

Советот на Општина Куманово со 20 гласа „за“ и 10 „против“ ja усвои нацрт – измената и дополна на Деталниот урбанистички план (ДУП) каде што треба да се гради маркет на „Лидл“, објави „kumanovonews.mk“.

Денес јавно го презентираме во детали најголемиот урбанистички корупциски скандал што го видел Куманово во последните децении – организиран, координиран и спроведен под директно влијание на градоначалникот Максим Димитриевски.

8 (23) ■ вести > македонија ■ 07-May 07:44 -> 07-May 15:19
.
.
.
.

Тошковски: Македонската полиција ќе продолжи да се менува, расте и подобрува, останувајќи симбол на редот и правдата

  • Тошковски: Безбедноста е темел на секое здраво општество

  • Одбележување на Денот на македонската полиција

По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски упати честитки до сите полициски службеници ширум државата, истакнувајќи ја нивната клучна улога во обезбедувањето на јавната безбедност.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, упати честитки до сите полициски службеници ширум државата, истакнувајќи ја нивната клучна улога во обезбедувањето на јавната безбедност.

Денес во 09:30 часот во Центарот за обука на МВР во Идризово (на спортското игралиште) ќе се одржи централната прослава за одбележување на Денот на македонската полиција 7-ми Мај.

15 (99) ■ вести > македонија > политика ■ 05-May 07:50 -> 07-May 17:21
.
.
.
.

Како ќе заврши прегрупирањето во Собрание? Ќоку за ТВ21: Продолжуваме да имаме добри односи со пратениците на АА

  • За денеска се очекува средба Мицкоски-Таравари, тема функционирањето на Алијанса за Албанците во Владата

  • Заврши средбата Мицкоски Таравари, разговорите продолжуваат

  • Таравари пред средбата со Мицкоски: Ништо посебно, АА ќе има сопствени советнички листи и најверојатно сопствени кандидати за градоначалници

Собранието се уште го очекува официјалното известување од ВРЕДИ дека нивната пратеничка група во иднина ќе дејствува без пратениците на Алијанса за Албанците на Таравари, а нов координатор ќе биде Беким Ќоку.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека најверојатно денеска ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуалната соработка со ДУИ на локални избори.

Заврши средбата помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство и лидер на крило на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари, која, како што информираат од Владата за медиумите, поминала во конструктивен дух.

За средбата што ја најави премиерот Христијан Мицкоски со претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, за во 17 часот во Владата, Таравари вели дека не очекува ништо посебно, бидејќи, како што потенцира, тие се во постојана комуникација.

Повеќе од
оваа категорија

4 (44) ■ спорт > фудбал ■ 06-May 19:27 -> 07-May 17:34
.
.
.
.

ФК Кожуф: Ги отфрламе обвинувањата кон клубот и играчите

  • И Фантоми кренаа глас: Кожуф не заслужи ваков срам!

  • ФФМ ги информирала УЕФА и МВР за можна местенка на мечот Кожуф - Башкими

  • ФФМ: Згрозени сме - овој срам нема да остане неказнет!

Фудбалскиот клуб Кожуф преку соопштение на социјалните мрежи ги отфрли обвинувањата по повод натпреварот против Башкими, кој го доби кумановскиот тим со 1-2. Од снимките се гледа сомнително однесување на домашните играчи при вториот гол на гостите при резултат 1-1. -Во рамките на 28-коло од ВМФЛ на градскиот стадион во Гевгелија се одигра натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими кој заврши со резултат 1:2. По завршувањето на натпреварот во јавноста имаше силни реакции во однос на залагањето на дел од играчите од нашиот тим.

Второлигашот Кожуф вчера прими срамен гол од Башкими, а тоа предизвика бурни реакции во македонската јавност, но и од навивачите на тимот од Гевгелија, „Фантоми Север“.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со интензивна постапка за утврдување на неправилностите поврзани со натпреварот од 28. коло во 2.МФЛ меѓу Кожуф и Башкими.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) брзо излезе со реакција по повод скандалозната победа на Башкими против Кожуф во Гевгелија.

13 (25) ■ спорт > фудбал ■ 05-May 18:42 -> 07-May 16:26
.
.
.
.

Видео: Ја оштети ли судијата Марчинијак , Барселона, ова е стартот пред голот на Черби

  • Флик: На почетокот на сезоната, никој не замислуваше што ќе постигнеме

  • Фудбалски трилер: Интер избори финале во ЛШ во невиден спектакл против Барселона

Ова е стартот над дефанзивецот на Барселона Мартин пред голот на Черби кој го спаси Интер, во вчерашниот реванш од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Барселона под водство на Ханси Флик ја игра една од најдобрите сезони во својата историја.

Првиот финалист на Лигата на шампионите оваа сезона е Интер, кој во спектакуларен реванш ја победи Барселона со 4:3 по продолженија и се пласираше понатаму со вкупен резултат од 7:6. Интер водеше со 2:0 со головите на Лаутаро Мартинез (21) и Хакан Чалханоглу (45-11м), но Барселона го сврти резултатот во второто полувреме со головите на Ерик Гарсија (54), Дани Олмо (60) и Рафиња (88). Токму кога се чинеше дека Барса ќе слави, Интер израмни во третата минута од судиското продолжение со голот на Франческо Ачерби, со што натпреварот се одведе во продолжение.

Повеќе од
оваа категорија

20 (8) ■ бизнис > економија ■ 07-May 12:51 -> 07-May 15:15
.
.
.
.

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ Но, на земјата ѝ треба голем балансен енергетски капацитет

  • РКЕ: 55,72 проценти од енергетските капацитети во државава се од обновливи извори

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Во извештајот се регистрира прв пат поголема инсталирана моќност на фотоволтаичните електроцентрали (28,40%) во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите (24,13%). – Со цел зајакнување на енергетската стабилност и независност, во услови на доминација на капацитетите од обновливи извори, неопходно е во претстојниот период да се поттикнат инвестиции што ќе обезбедат балансна енергија – вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Во извештајот се регистрира првпат поголема инсталирана моќност на фотонапонските електроцентрали (28,40%) во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите (24,13%). – Со цел зајакнување на енергетската стабилност и независност, во услови на доминација на капацитетите од обновливи извори, неопходно е во претстојниот период да се поттикнат инвестиции што ќе обезбедат балансна енергија – вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

25 (8) ■ бизнис > економија ■ 07-May 13:01 -> 07-May 14:17
.
.
.

Раст на трошоците на живот во април: 2.6% на годишно ниво, цените на мало пораснати за 2.7%

  • Намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0.7 %

Според Државниот завод за статистика, животните трошоци во април оваа година, споредено со април минатата година, покажуваат пораст од 2,6 %, а индексот на малопродажните цени забележува покачување од 2,7 %. Инфлацијата, измерена преку индексот на животните трошоци во април во споредба со март оваа година, е зголемена за 0,6 %. Порастот на инфлацијата е предизвикан од повисоките животни трошоци во следните категории: Транспорт со 5,1 %, Облека и обувки со 1,5 %, Рекреација и култура со 1,4 %, Мебел, предмети за домаќинство и одржување на домот со 0,5 %, Здравје со 0,4 % и Храна и безалкохолни пијалаци со 0,3 %. Намалување на животните трошоци е евидентирано во категориите Различни добра и услуги за 0,7 % и Алкохолни пијалаци, тутун и опојни средства за 0,1 %. Животните трошоци во категориите Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Ресторани и хотели, Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во изминатиот месец.

Трошоците на животот во април годинава, во однос на април лани, бележат зголемување од 2.6 %, а индексот на цените на мало од 2.7 %, соопшти Државниот завод за статистика.

234 (4) ■ бизнис > македонија > политика ■ 05-May 13:12 -> 05-May 14:39
.
.
.
.

Бањата Кежовица ќе отвори многу перспективи за развој на туризмот

  • НИКОЛОСКИ: Браната на Отиња ќе биде готова в година, во Штип се работи и на ДУП за бањата Кежовица и за изградба на викенд населба

Силна поддршка за општините и дополнителни инвестиции во локалната инфраструктура, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при работната посета на општина Штип.

Во општиона Штип работиме на повеќе проекти, во финална фаза е изработката на ДУП за бањата Кежовица која што треба да отвори многу преспективи за развој на туризмот, пред се на бањскиот туризам, а браната Отиње да биде готова следната година, ова денеска го истакна при посетата на општина Штип вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

244 (4) ■ бизнис > економија ■ 05-May 09:55 -> 06-May 09:30
.
.
.
.

▷ Комората испраќа јасни пораки

  • Бранко Азески Комората испраќа јасни пораки

Ако се вратиме 5 години назад, кога се соочивме со здравствената криза, можам слободно да кажам дека и покрај слабото или никакво дејствување на Светската здравствена организација што остави простор секој сам да дејствува и без нашето потребно искуство за пандемијата ние како Комора добро се справивме. одлично одреагиравме за отворањето на коридорите уште на самиот почеток на кризата за непречен проток на суровините до нашите капацитети и , многу добро го изменаџиравме првиот удар на кризата, која во тој момент најмногу се почувствува во дејностите врзани со движење - угостителството и туризмот и сообраќајот и транспортот.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во колумна вели дека комората во изминатиот период, исполнет со кризи, покажа дека е можно кризите да се претворат во шанса ако се има јасна цел, а таа е доброто на државата, и ги мотивираше своите членки за инвестирање и отворање нови работни места.