Добивај вести на Viber Зухра Груби, мајката на поранешниот вицепремиер Артан груби, кој е во бегство и не се знае каде е побегнат, денес се огласи и јавно му го честиташе роденденот на некогашниот функционер на ДУИ.„Денес, кога твоето отсуство е позабележително од присуството на сите други заедно, кога за твоите дела се зборува затоа што ги прават сите горди и ги потсетуваат на годините кога Албанците се чувствуваа претставени и господари во својата земја, кога гледаа како се управувани и како се исполнува дадениот збор, и кога некои кои не успеаја да го направат она што тебе ти успеа, па сакаат да уништат и елиминираат сè што е постигнато……Јас, твојата мајка, погорда од кога било, ти посакувам СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АРТАНЕ и се молам да имаш здравје и среќа, и оваа политичка одмазда и прогон, како во времето на комунизмот, да ја доживее судбината на тој прогонувачки систем и дека вистината ќе победи по Божја волја.
Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој веќе шест месеци е недостапен за македонските институции, денеска се огласи на својот профил на Фејсбук по повод својот роденден.