1 (5) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 15-Jan 10:06 -> 16-Jan 16:58
.
.
.
.

Уапсен 44-годишен кумановец, ги нападнал родителите и го кршел мебелот во семејниот дом

  • Кривична за 18-годишен кумановец за поседување пиротехнички средства

Вчера во 17.00 часот во Куманово, полицијата го уапсила 44-годишниот Д.С. од Куманово.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(18) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовалстено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи’’. На 14.12.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства, информираа од полицијата.

2 (115) ■ вести > свет ■ 14-Jan 09:48 -> 16-Jan 17:19
.
.
.
.

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Бајден за помошта за прекин на огнот

  • Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот вo Појасот Газа

  • Хамас тврди дека над 70 Палестинци се убиени по постигнувањето на договор за прекин на огнот во Појасот Газа

  • Тајмс оф Израел: Хамас и Израел ги финализираат деталите за спроведувањето на договорот за заложници

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одвоено разговараше со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и со претседателот Џо Бајден за да им се заблагодари за нивната помош во обезбедувањето прекин на огнот во Газа.

Палестинската милитантна група Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на десетици заложници – изјавија двајца неименувани претставници вклучени во преговорите во Доха.

Властите на Хамас во Појасот Газа соопштија дека најмалку 71 Палестинец се убиени по објавувањето на договорот за прекин на огнот со Израел.

Израел и Хамас синоќа постигнаа начелен договор за размена на заложници и во моментов работат во Доха на финализирање на деталите од договорот, изјавија двајца арапски претставници за „Тајмс оф Израел“.

10 (6) ■ вести > македонија ■ 16-Jan 13:15 -> 16-Jan 17:00
.
.
.
.

КСЗД: Со поставувањето на плочата пред училиште во Струга, Рамиз Мерко го слави фашизмот и окупацијата на Македонија

  • Рамиз Мерко го славел фашистичкиот окупатор и ги вознемирил стружани, утврди Комисијата за дискриминација

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) констатираше дека струшкиот градоначалник Рамиз Мерко со поставувањето на плоча пред училиште кое е прогласено за културно наследство го слави периодот на окупацијата на фашистичка Италија и Кралството Албанија.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) по поднесена претставка од 29 жители на оштина Струга утврди дека актуелниот градоначалник на Општина Струга, Рамиз Мерко ги вознемирил жителите поставувајќи спомен плоча испишана на албански јазик со која се славел периодот на окупација од фашистичка Италија и Кралство Албанија пред училиште кое е прогласено за културно наследство на Македонија.

11 (55) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Jan 07:18 -> 16-Jan 16:36
.
.
.
.

Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути

  • Илире Даути поднесе оставка, побара на пленарна седница да ја образложи

  • Кузеска: Одговорноста е кај Гаши и за Даути и за незакажување на седницата на Комисијата

  • Гаши: Прашањата за разрешувања или оставки се во надлежност на Комисијата за избори и именувања и пратениците

Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, откако денеска таа побара во рамки на 30. седница да ја образложи својата неотповиклива оставка по изгласувањето на нејзината интерпелација минатиот петок.

Пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците на Зијадин Села, која е дел од „Европскиот фронт“ на која и беше изгласана интерпелација, денеска од собраниската говорница додека траеше 30. пленарна седница, побара од претседателот на Собранието да и дозволи во времетраење од 15 минути да ја образложи оставката од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади.

Одговорноста е кај претседателот на Собранието, Африм Гаши, и за Даути и за незакажувањето седница на Комисија, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Претседателот на Собранието Африм Гаши попладнево преку соопштение информира дека неговата улога како претседател завршила со процесот на интерпелација на претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути, пренесува МИА.

14 (55) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Jan 12:01 -> 16-Jan 15:37
.
.
.
.

Деаноски: Ако Владата сакаше дијалог, досега ќе бевме седнати на маса и немаше да бидеме на улица

  • Влада: Протестите се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но можностите се лимитирани

  • УПОЗ: Сегашната опозиција да не се лепи на протестите, бидејќи имаа 7 години да го решат проблемот

  • Протест на вработени во јавна администрација, најавени протести и за следните денови

Владата наместо да пишува соопштенија и да негира се што ќе кажеме ние, а не е воопшто во право, треба да најде начин како да го реши овој проблем.

Протестите се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но и можностите на буџетот се лимитирани, велат од Владата во соопштение.

Од Синдикатот на УПОЗ ѝ порачаа на Владата дека залудни се обидите да докажат дека има политика во протестите.

Вработени од неколку министерства, Државниот завод за статистика и Државниот архив денеска одржаа предупредувачки протест барајќи потпишување на колективни договори и исплата на 30 проценти додатоци на плата.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

42 (6) ■ бизнис > македонија ■ 16-Jan 09:55 -> 16-Jan 10:54
.
.
.
.

УЈП: Даночните обврзници треба да поднесат барање за издавање на одобрение за намалување на пресметаниот данок на добивка

  • УЈП: Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка

Управата за јавни приходи ги потсетува вршителите на дејност кои водат деловни книги и даночните обврзници за данокот на добивка кои во текот на 2024 набавиле и ставиле во употреба до 10 фискални системи на опрема односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања, најдоцна до 20-ти јануари до УЈП да поднесат Барање за одобрение на даночно ослободување по основ на воведување на фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување (образец „ДЛД-02”), заради намалување на пресметаниот данок на личен доход во Годишниот даночен биланс за 2024 (образец „ДЛД-ДБ”), кое се поднесува електронски преку https://e-ujp.ujp.gov.mk или во хартиена форма до архивата на организациската единица на УЈП.

Управата за јавни приходи ги потсетува вршителите на дејност кои водат деловни книги и даночните обврзници за данокот на добивка кои во текот на 2024 набавиле и ставиле во употреба до 10 фискални системи на опрема.

246 (4) ■ сцена > култура ■ 14-Jan 10:24 -> 15-Jan 10:05
.
.
.
.

Виктор Митревски диригираше во новата постановка на „ Така прават сите“ во Операта од Малме

  • Диригентот Виктор Митревски настапи во Операта во Малме

Почитувани, Македонскиот диригент Виктор Митревски, кој живее и работи во Виена, на 8 и 10 јануари настапи како гостин диригент во Операта во Малме, Шведска во новата продукција на една од најизведуваните опери од Моцарт – „Така прават сите“ („Cosi fan tutte“). Претставата доживеа голем успех на сцената на операта во Малме, беше поздравена со овации од публиката и позитивни критички осврти во шведските медиуми.

Македонскиот диригент Виктор Митревски на 8 и 10 јануари настапи како гостин диригент во Операта во Малме во Шведска, во новата продукција на една од најизведуваните опери од Моцарт „Така прават сите“ („Cosi fan tutte“). Оваа поставка на „Така прават сите“ носи поднаслов „Училиште за љубовници“ и претставува модерна интерпретација на Моцартовото ремек-дело.