Во судница во Кривичниот суд, на судењето за убиството на Панче Жежовски и 14-годишната Вања Ѓорчевска, се прикажуваат снимки на кои се гледа движењето на возилата ,,цитроен”, со кое била грабната Вања од пред нејзиниот дом, и на,,рено гангу”, во кое, според Обвинителството се возел обвинетиот Палевски, а кое се движело пред автомобилот во кој било девојчето.
Со изведување на видео записи од безбедносни камери денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.
Со изведување материјални докази денеска во Основниот кривичен Скопје треба да продолжи судскиот процес за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, одбил да го промени судијата Ивица Стефановски од судечкиот совет во предметот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.