1 (186) ■ вести > свет > политика > војна ■ 12-Jun 07:11 -> 14-Jun 11:15
.
.
.
.

Иран и Израел продолжуваат со меѓусебните напади, нема знаци за деескалација

  • Иран: Не го нападнавме Израел, но одмаздата ќе дојде во блиска иднина

  • Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран

  • Израел го нападна Иран - цел на нападот се нуклеарни постојки, погодени се и цивилни објекти

Тензиите меѓу Израел и Иран остануваат високи на вториот ден од отворениот конфликт, без знаци на деескалација, пренесува ДПА.

Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на безбедносни извори, ги негираше израелските извештаи дека Техеран лансирал дронови кон Израел, додавајќи дека иранската одмазда „ќе се случи во блиска иднина“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп за „Волстрит џурнал“ (Wall Street Journal) изјави дека Вашингтон не бил предупреден, но бил свесен за израелските планови за напад врз Иран.

Израел изврши серија напади врз Иран рано утринава, околу 3 часот по локално време.

6 (69) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Jun 11:29 -> 13-Jun 19:25
.
.
.
.

Николски-Сијарто: Силното партнерство со Унгарија носи големи придобивки за Македонија

  • Николоски - Сијарто: Силното партнерство со Унгарија и носи огромен бенефит на Македонија

  • Јаневска и Сијарто потпишаа Меморандум со кој годишно по 20 македонски студенти добиваат стипендии за студии во Унгарија

  • Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во работна посета на земјава

Продолжуваме да ги градиме нашите односи со пријателите на уште повисоко ниво.

Нашите односи со пријателите продолжуваме да ги градиме на уште повисоко ниво.

НасловнаМакедонијаЈаневска и Сијарто потпишаа Меморандум со кој годишно по 20 македонски студенти добиваат стипендии за студии во Унгарија You cannot print contents of this website.

Facebook / Szijjártó Péter Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

11 (60) ■ вести > македонија > хроника ■ 12-Jun 18:56 -> 13-Jun 17:45
.
.
.
.

Постапката за пожарот во дискотеката „Пулс“ запрена за 11 лица, меѓу кои двајца поранешни министри

  • Поднесено обвинение за трагедијата во дискотеката „Пулс“ против 34 физички и три правни лица

  • Во Кочани уапсени 13 лица, акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници

  • Обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за трагедијата во „Пулс“

Постапката се запира за вкупно 11 лица, бидејќи за нив нема доволно докази од кои и за двајца поранешни министри, соопшти републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски во врска со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, изјави дека денеска до Основниот суд во Кочани е поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица за кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во тек е акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, соопштија од ОЈО ГОКК.

Обвинителен акт против вкупно 34 физички и 3 правни лица осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ која однесе 62 животи, соопшти денеска на прес-конференција државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

215 (7) ■ бизнис > македонија ■ 12-Jun 12:18 -> 12-Jun 19:08
.
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра

  • ЗА 7 ГОДИНИ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА НАПРАВИ ДОЛГ ОД 4,1 МИЛИЈАРДА ЕВРА Сега нема право да коментира кој го зголемил долгот

За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од нивното владеење 3,3 милијарди евра што покажуваат податоците за движење на јавниот долг по години од 2017 наваму, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање на собраниска седница.

ЗА 7 ГОДИНИ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА НАПРАВИ ДОЛГ ОД 4,1 МИЛИЈАРДА ЕВРА Сега нема право да коментира кој го зголемил долгот Според министерката во континуитет претходната Влада се повикува дека 2 милијарди биле искористени за антикризни мерки, иако Државниот завод за ревизија објави дека само 400 милиони евра се потрошени за антикризни мерки Фото: Принтскрин За 7 години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од нивното владеење 3,3 милијарди евра што покажуваат податоците за движење на јавниот долг по години од 2017 наваму, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на прашање за состојбата на долгот од пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи.

225 (7) ■ бизнис > македонија ■ 12-Jun 07:15 -> 12-Jun 15:37
.
.
.
.

ЕЛЕМ Турс со акумулирани загуби од 1,2 милијарди денари, утврди Државна ревизија

  • ЗАСТАРЕНИ СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ, ЗАДОЛЖЕНОСТ И ЗАГУБИ: Ревизорите со забелешки за работењето на ЕЛЕМ ТУРС

Државниот завод за ревизија (ДЗР) по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕЛЕМ Турс ДООЕЛ Скопје, за 2023 година утврди низа недоследности во работењето на Друштвото, кое се соочува со акумулирани загуби од приближно 1,2 милијарди денари и обврски над 268 милиони денари.

Добивај вести на Viber Ревизорите утврдиле недоследности во работењето на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје и констатирале дека се соочува со акумулирани загуби од приближно 1,2 милијарди денари и обврски над 268 милиони денари.

103 (7) ■ сцена > култура ■ 12-Jun 21:15 -> 13-Jun 17:45
.
.
.
.

„12“ на Синиша Евтимов во продукција на МНТ е најдобра претстава на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

  • Во Прилеп завршува 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Македонски театарски фестивал „Војдан Черднорински“: Сцена од претставата „12“ на Синиша Евтимов Претставата „12“ работена по мотиви на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов, во продукција на Македонскиот народен театар (МНТ) ги доби наградите за за уметничко остварување на преставата во целина, специјалната награда за колективна актерска игра и наградата „Димче Трајковски“ за машка епизодна улога за Оливер Митковски на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Со доделување на наградите и со претставата „Вистината“ на Театар Комедија“ во чест на наградените, вечер во Прилеп ќе заврши 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој почна на 6 јуни.

149 (8) ■ сцена > занимливости ■ 12-Jun 08:30 -> 13-Jun 18:07
.
.
.
.

Џорџина на Роналдо е бремена? Стомакот е јасно оцртан на оваа снимка, изгледа како да доаѓа ШЕСТОТО ДЕТЕ

  • (Видео) Една снимка откри сè: Дали убавата Георгина е повторно бремена?

Џорџина Родригез , долгогодишната партнерка на Кристијано Роналдо , присуствуваше на финалето на Лигата на нации на стадионот „Алијанц Арена“, каде што Португалија ја победи Шпанија на пенали.

Свршеницата на еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, го гледаше финалето на Лигата на нации во тесен фустан кој ги истакнуваше сите нејзини облини, но и ги наведе многумина да се запрашаат дали е бремена… Георгина е позната по тоа што сака да ја покажува својата прекрасна фигура и да привлекува внимание со своите модни избори, како на пример на црвениот тепих за прославата на 10-годишнината од Netflix Spain во Мадрид.

212 (4) ■ сцена > култура ■ 12-Jun 08:00 -> 13-Jun 18:15
.
.
.
.

„Кривопаланечко културно лето“ со над 60 настани, започнува на 19 јуни

  • Во Крива Паланка се одржа премиера на адаптирана верзија на „Зоки Поки“

На 19 јуни започнува „Кривопаланечко културно лето“ 2025, со опсежна културна програма со над 60 настани и содржини наменети за сите генерации, што има за цел да ја плени публиката од целата држава и поширокиот регион, дополнително поттикнувајќи го културниот туризам во градот, се наведува во соопштението од Општина Крива Паланка.Програмата ќе биде отворена на 19 јуни со атрактивното стенд-ап шоу на Сашко Коцев, што ќе се одржи во Националната установа Центар за култура, Крива Паланка, а предвидената летна културна програма нуди атрактивни содржини за сите генерации: концерти, изложби, литература, уметност, џез, поп-рок музика, фолклор, гастрономија, понуда, за која, веруваме, ќе се бара место повеќе за присуство и ќе приреди незаборавно уживање за публиката од државата и регионот, велат од општината.

Facebook / НУ Центар за култура Крива Паланка Мудри досетки, впечатливи детски реплики, другарство и дружба на разни генерации дечиња беа дел од вечерашната изведба на сценската адаптација на една од најпознатите книги за деца, „Зоки Поки” од Оливера Николова.