По социјалните мрежи веќе се шири снимка како градоначалничката Данела Арсовска со клоца во колено удира машко лице во Чаир по што следи меѓусебна кавга за која Данела ги обвинува чаирчани дека ја нападнале и се заканувале.
Општина Чаир најостро го осудува инцидентот што се случи помеѓу градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и неколку лица на територија на Општина Чаир.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска тврди дека денеска при увид и инспекциска контрола на дивоградба во Општината Чаир, таа и екипата која била со неа, биле нападнати прво вербално, потоа физички, со клоци и тоа пред припадници на МВР.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека во нападот при увид на дивоградба во скопската општина Чаир врз градоналаничката на Град Скопје Данела Арсовска имало физички контакт, но, дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тврдењето оти тоа се случувало пред припадници на полицијата.