Јапонските производители на автомобили Нисан и Хонда денеска потврдија дека ја разгледуваат можноста за блиска соработка, но негираа дека овие преговори вклучуваат спојување во една компанија.
Претходно медиумите повикувајќи се на неименувани извори објавија непотврдена вест за спојување на три големи јапонски компании (Нисан, Хонда и Мицубиши), по што акциите на Нисан на токиската берза пораснаа во вредност за 22%, додека на Хонда паднаа за 3%. Тргувањето со акциите на Нисан беше привремено прекинато поради можноста за шпекулативни трансакции, но продолжи откако трите фабрики заеднички објавија дека размислуваат за различни форми на идна соработка, но дека не се донесени никакви одлуки.