Затворска казна од една година и четири месеци му изрече денеска судот во Осиек на Марио Мамиќ, син на поранешниот претседател на загрепски Динамо, Здравко Мамиќ, прогласувајќи го виновен во процесот кој се води за незаконско извлекување пари од најтрофејниот хрватски фудбалски клуб.
За учество во извлекување на пари од Динамо Загреб во рамките на криминална група, Марио Мамиќ, син на поранешниот лидер на Динамо Здравко Мамиќ, денеска, на основа на договор со Судот, е осуден на една година и четири месеца затвор, а претприемачот Сандро Стипанчиќ на 11 месеци, што ќе биде заменето со општокорисна работа.