1 (9) ■ вести > македонија ■ 17-Apr 07:48 -> 17-Apr 09:10
.
.
.
.

Сообраќајот на автопатот Демир Капија-Смоквица од денеска само по левиот тунел

  • Времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица

Од денеска до 31 мај сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица ќе се одвива само по левиот тунел бидејќи десниот тунел ќе се реконструира.

Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 до 31.5.2025, поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т2. Десната тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во левата тунелска цевка, извести АМСМ.

5 (6) ■ вести > македонија ■ 16-Apr 16:12 -> 17-Apr 08:09
.
.
.
.

ЕВН најави исклучувања: Повеќе места во Скопје денеска без струја

  • Делови од пет скопски општини денеска без струја, еве каде ќе нема вода

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Чаир, Сопиште, Ѓорче Петров и Чучер Сандево, соопшти РЦУК - Скопје.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат: · Oд 06:30 до 13:00 часот, дел од с. Сарај ул.4 – пат за с.Љубин кај кафе Лозана (општина Сарај) · Oд 09:00 до 13:00 часот,ул. Лазар Трповски зграда бр.1 бр.5 кои се до ТС Лазо Трповски (општина Чаир) · Oд 09:00 до 15:30 часот,с. Патишка Река, викендици Патишка Река и викендици Држилово (општина Сопиште) · Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул. Наум Чакаров бр.1-5 и ул. Борис Сарафов бр.105-121 (општина Ѓорче Петров) · Oд 12:00 до 13:00 часот, дел од ул.1 во село Побожје, пат кон Бутел (општина Чучер Сандево). Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради уличен дефект ф-100 мм на улицата Христо Татарчев 22/4, во општина Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, односно крак 22. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на интервенцијата.

8 (41) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-Apr 07:00 -> 17-Apr 08:20
.
.
.
.

За да се утврди вистината предметот за убиството на Вања и Панче треба да се врати во фаза на истрага или да се одреди реконструкција, вели бранителот на еден од обвинетите

  • Со сведочење на првообвинетиот Љупчо Палевски продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

  • Одложено рочиштето на кое Палевски требаше да продолжи со давање исказ

  • Судијата Стефановски: Ако адвокатот на Палчо не се појави пак, ќе поставам бранител по службена должност

Предметот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, според бранителот на еден од обвинетите Боре Видевски, адвокат Бојан Манев, треба да се врати или во фаза на истрага или да се одреди реконструкција со која би се разјасниле многу отворени прашања.

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски со сведочење на првообвинетиот Љупчо Палевски Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски со сведочење на првообвинетиот Љупчо Палевски, којшто треба да одговара на вкрстени прашања на Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.

Рочиштето на кое првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо денеска требаше да продолжи со сведочењето се одложи.

Судијата Ивица Стефановски, кој го суди предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, закажа две нови рочишта на кои е предвидено првообвинетиот во случајот, Љупчо Палевски-Палчо, да дава исказ и да одговара на вкрстени прашања, откако денеска судењето беше одложено поради тоа што не се појави адвокатот на Палчо, Јовица Страшевски, поради здравствени проблеми.

9 (43) ■ вести > македонија > политика ■ 15-Apr 14:14 -> 17-Apr 09:00
.
.
.
.

Таравари: Бев загрижен што не ме поканија на денешната средба на ВЛЕН

  • Левица: Затворена кардиохирургија без да обезбеди алтернатива – оставка на Таравари!

  • Алијанса за Албанците на Таравари останува во „Влен“, со свои листи за советници на локалните избори

  • Вреди вечерва очекува одговор од Таравари – Меџити: Мора да разјасниме, дали се дел од Вреди или со ДУИ!

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во емисијата „Дијалог те Лајм’и“ ја коментираше денешната средба на лидерите на коалицијата ВЛЕН, по синоќешната одлука на Алијансата за Албанците да конкурира со посебни листи за општински советници на локалните избори.

Скандалозниот случај со починат пациент на Клиниката за кардиохирургија, поради некоординираност и неодговорност на власта, мора да резултира со одговорност и оставка на министерот Таравари.

Лидерот на АА Арбен Таравари вечерва по состанокот на Централното председателство и раководствата на сите ограноци на партијата донеле одлука дека предлогот на другите лидери од Влен кандидатите за градоначалници да ги изберат и поделат самите лидери а не како што предлагала АА изборот да биде од сондажи односно анкети на граѓаните.

Првиот вицепремиер, еден од лидерите на ВРЕДИ, Изет Меџити, очекува АА на Арбен Таравари вечерва да ја реши дилемата и да ја информира коалицијата ВРЕДИ кој пат ќе го избере.

10 (39) ■ вести > македонија > хроника ■ 15-Apr 19:33 -> 16-Apr 16:48
.
.
.
.

МВР ги демантира објавите дека јавниот обвинител Коцевски со неговата изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници

  • Истрагата за Кочани се проширува, издадена наредба за приведување на седум полицајци

  • Коцевски: Министрите за економија издавале лиценци на дискотеката „Пулс“ врз основа на непотполна документација

  • Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите објавени во дел од медиумите дека државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски со неговата вчерашна изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски во вчерашното гостување на емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“ кажа дека е издадена е наредба за приведување на седум полицајци со што практично се проширува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загина 61 лице, а над 100 беа повредени.

Тимот на јавни обвинители којшто ја води истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ги прибавил сите издадени лиценци за работа на објектот од 2012 година сѐ до денот на кривично-правниот настан и според увидот во предметите немало ниту една со целосна документација, посочи вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Уште седум полициски службеници ќе бидат приведени во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

11 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 15-Apr 10:42 -> 16-Apr 16:42
.
.
.
.

Таравари: Починатиот пациент бил примен на Кардиохирургија, лекарите одлучиле да не се оперира

  • СДСМ бара оставка од Таравари по скандалот на Кардиохирургија, ова е хумана катастрофа

  • Одговорност ќе има доколку имало пропуст или грешка, вели Таравари за пациентот од Кардиохирургија

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) нема констатирано недостатоци согласно надлежностите и се предлага постапка за стручен надзор до министерот за здравство, кој формираше стручна комисија за да ги испита сите детали за починатиот пациент на Државна кардиохирургија, Т.А. од Скопје.

Додека Таравари мисли само на локални избори и изборни коалиции здравството е во тотален распад.

За починатиот пациент на Државна кардиохирургија ќе има одговорност, доколку имало пропуст или грешка околу неговото лекување, рече министерот за здравство Арбен Таравари во денешната изјава за медиуми за време на Втората Ренална експертска академија што се одржува во Скопје.

12 (41) ■ вести > македонија > политика ■ 15-Apr 09:15 -> 16-Apr 13:55
.
.
.
.

СДСМ: Паничните испади на Тошковски на Фејсбук само ја потврдуваат неговата одговорност за Кочани

  • Караница за надзорната расправа за Кочани

  • Тошковски со жесток одговор до ДУИ, СДСМ и Левица: Привезоците на ДУИ денес глумат глас на совеста

  • СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна

Од СДСМ се јавија со реакција на објавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Пратениците од ДУИ бурно реагираа, откако мнозинството во комисијата за политички систем не го усвои дневниот ред на седницата на која бараа да се одржи надзорна расправа за истрагата за кочанската трагедија.

По вчерашните синхронизирани напади од страна на ДУИ, СДСМ и Левица, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговори со обемен фејсбук статус, во кој остро ги критикува сите три партии, нарекувајќи ги „привезоци на ДУИ“ и „политички паразити“.

Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка во Советот на општина Кочани од оваа партија да поднесе оставка од морални причини а тој не. По најголемата трагедија во државата којашто се случи во Кочани требаше да има морална одговорност на оној кој бил на чело на институцијата којашто била задолжена за безбедноста, а тоа е Министерството за внатрешни работи.

17 (28) ■ вести > свет > регион ■ 15-Apr 08:17 -> 17-Apr 09:01
.
.
.
.

Се уште трае блокадата на РТС во Белград, со помош на полицијата утрово внесени дел вработени во медиумот

  • Студентите во блокада официјално поднесоа барање до Собранието во врска со РТС: „Протестот ќе трае додека не го исполните“

  • Студентите ги блокираа РТС и студиото во Кошутњак, ТВ Нова не може да емитува утринска програма

Со асистенција на српската полиција и на жандармеријата во опрема за разбивање демонстрации, вработени во РТС беа спроведени да влезат во зградата на медиумот во центарот на Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

Студентите во блокада на високообразовните институции во Белград испратија отворено писмо до Комитетот за култура и информирање на Народното собрание на Република Србија и најавија колку ќе трае протестот пред РТС, јави дописникот на МИА од Белград.

Студентите кои синоќа ги блокираа РТС и сите влезови на оваа телевизија на улицата Таковска и Кошутњак ноќта ја минаа пред влезот и од утрово не дозволуваат на никого да влезе.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

97 (4) ■ бизнис > македонија ■ 16-Apr 15:07 -> 16-Apr 20:11
.
.
.

Донација за настраданите во Кочани од Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза

  • Помош за настраданите во Кочани од Македонската, Централниот депозитар и Загребската берза

Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза, ќе донираат финансиска помош во износ од 25.000 евра во новоформираната фондација на Македонската банкарска асоцијација „Заедно за едно“, со цел помош и поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во страотниот пожар во Кочани минатиот месец.

Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза ќе пружат финансиска помош во вредност од 25.000 евра на новооснованата фондација на Македонската банкарска асоцијација, именувана „Заедно за едно”.

103 (5) ■ бизнис > економија ■ 16-Apr 11:51 -> 16-Apr 13:57
.
.
.
.

Стратегијата за минерални суровини во финална фаза, рокот за забелешки е до 1 мај

  • По 30 години без насока: Се финализира Стратегијата за минерални суровини – До 1 мај рок за забелешки во транспарентен процес

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите засегнати страни дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина како и по Нацрт-Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите засегнати страни дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната срединакако и по Нацрт-Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај 2025 година.

171 (5) ■ бизнис > мои пари ■ 15-Apr 10:48 -> 15-Apr 15:27
.
.
.
.

Комерцијална банка со поддршка од 30 милиони денари за Фондацијата на МБА „Заедно за едно“ за помош на настраданите во трагедијата во Кочани

  • КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ДОНИРАШЕ 30 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Помошта е префрлена на Фондацијата на МБА „Заедно за едно“

Значајните донации што во наредниот период ќе ги обезбеди Комерцијална банка преку новата фондација претставуваат конкретен израз на нашата желба да им помогнеме на повредените, на нивните најблиски, како и на семејствата на загинатите со помалку болка и тешкотии да се справат со последиците од оваа ужасна трагедија.

Комерцијална банка како истакната општествено одговорна компанија ќе обезбеди силна финансиска поддршка во износ од 30 милиони денари за новата Фондација „Заедно за едно“, основана во рамките на Македонската банкарска асоцијација за да помогне на повредените и на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.