Поранешниот македонски репрезентативец, Младен Ѓуроски, кој ја има поддршката на повеќе од 80-отсто од клубови во државата, ќе биде новиот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), нешто што требаше да се случи на денешното Собрание да не беа опструкциите и процедуралните заврзлами од страна на актуелниот прв човек, Перо Антиќ.
Тензично стартуваше годишното собрание на Кошаркарската федерација на Македонија.
Интересно почна годишното собрание на Кошаркарската федерација на Македонија, откако на почеток не беше прифатен првиот предлог за Верификациона комисија и Дневен ред на актуелното раководство предводено од Перо Антиќ.