Премиерот Христијан Мицкоски на маргините од Смитот ЕУ-Западен Балкан вечерва во Брисел се сретна со полскиот премиер Доналд Туск со кого разговарале за можноста да се одблокираат преговорите со Унијата, како и за позициите на земјава во однос на таквите напори.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски од утре ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел.
Премиерот Христијан Мицкоски, кој од вчера престојува во посета на Брисел, денеска ќе учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП) на кој главни теми ќе бидат подготовките за денешниот Европскиот совет и проширувањето на ЕУ. Домаќин на Самитот ќе биде претседателот на ЕПП, Манфред Вебер, а на него покрај Мицкоски ќе учествуваат и другите лидери од партиите членки на Европската народна партија од ЕУ и од Западниот Балкан, како и претседателките на Европската комисија и на Европскиот парламент, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола.
Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во Брисел имал средба со високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.