Во однос на иницијативата на ДУИ за Анкетна комисија во Собранието, Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на централниот Дневник на телевизија Алсат М истакна дека согласно Уставот, Анкетната комисија може да се основа и да биде вонредна, но условот е да има најмалку 20 пратеници коишто ќе дадат поддршка, а нивната иницијатива имаше само 16 потписници, додавајќи дека и во нивната коалиција не успеаја да го соберат целосниот број на пратеници што говори за капацитетот на ДУИ да привлече дополнителни пратеници за поддршка на нивни иницијативи.
Имало неколку вакви случаи досега во различни земји, на пример еден сличен случај имаше во Лондон, еден во Романија, за жал оваа трагедија се случи и во Македонија.