Трамп како причина ја наведува стагнацијата во тековните трговски преговори и низата, според него, нефер практики на ЕУ. Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот најави можно воведување царина од 50 отсто за сите стоки од Европската унија, наведувајќи ја стагнацијата во тековните трговски преговори и низата, според него, нефер практики на ЕУ. „Нивните силни трговски бариери, ДДВ, смешни корпоративни казни, нетарифни бариери во трговијата, манипулација со валутата, неправедни и неоправдани тужби против американски компании и многу повеќе доведоа до трговски дефицит со САД од над 250.000.000 долари годишно, бројка што е целосно неприфатлива“, напиша Трамп во петокот на социјалната мрежа.
Американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на Европската Унија со воведување на царини од 50 проценти за увоз на стоки, почнувајќи од 1 јуни 2025 година.
Даночниот закон предложен од претседателот на САД, Доналд Трамп, беше усвоен денес во Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави и наскоро ќе биде пред членовите на Сенатот, Горниот дом на американскиот Конгрес.
Добивај вести на Viber Американскиот претседател Доналд Трамп денес возврати на прашањата на новинарот на NBC News, Питер Александар, за луксузниот авион што катарската влада планира да го донира на САД, нарекувајќи го „ужасен новинар“ и „гад“ затоа што не поставил прашања за она што го нарече „геноцид врз белите јужноафрикански земјоделци“ на кои Трамп им додели статус на бегалци.